MAMA

Списокот на симптоми на коронавирус станува сè поширок секој ден – ВНИМАВАЈТЕ на овие работи

Еве ги сите промени на кои треба да обрнете внимание, бидејќи тие се потенцијални симптоми

Треска и сува кашлица, губење на чувството за мирис и вкус, се меѓу најчестите симптоми на коронавирус. Но, овие не се единствените симптоми – екстремен замор, губење на здивот, губење на апетит, како и промени во стапалата, се некои од другите симптоми.

Еве ги сите промени на кои треба да обрнете внимание, бидејќи тие се потенцијални симптоми.

Треска

Официјално е на списокот на симптоми на Светската здравствена организација. Топлата кожа на градите или грбот исто така може да укаже на треска.

Сува кашлица

Веројатно најпрепознатливиот симптом на ковид-19, затоа што звучи различно од „обична“ кашлица.Кашлица што се јавува ненадејно, или која е различна од вообичаеното.

Болка во грло

Американскиот центар за контрола и спречување на болести го вклучи и ова во списокот на симптоми, иако не се јавува толку често – во приближно десет проценти од случаите.

Губење на чувство за мирис и вкус

Вклучено е во списокот на симптоми и најчесто се јавува кај младите луѓе. Ако забележите дека не чувствувате мирис или вкус, или дека го чувствувате поинаку од вообичаеното, одете на тест.

Главоболка или делириум

Експертите велат дека многу заразени пациенти кои биле примени во болницата се пожалиле на невролошки симптоми, како што се главоболки, збунетост, напади и дури имало мозочен удар.Делириум обично се јавува кај пациенти на кои им е потребен респиратор, и се јавува како резултат на акумулација на јаглерод диоксид во организмот.

Дијареа

Благ симптом на коронавирус се смета дека е потребата да ги испразните цревата почесто од вообичаеното, а лекарите велат дека ова понекогаш е првиот знак на инфекција со коронавирус.

Дијареата, но и повраќањето, како и болки во стомакот, исто така се препознаваат како симптоми.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close