Бебе
Волшебен трик: Начин на држење кој за миг го смирува бебето
Положба на држење која ќе ви помогне многу.
Колики или грчевите кај бебето се нешто што едноставно треба да го преживеете – ќе ви кажат многу родители кои го поминале тоа, но и експерттите. Ако барате начин да си олеснете себеси, а и на бебето, како новопечен родител, тогаш прочитајте за овој трик.
Имено, многу мајки советуваат за овој трик кој уште се нарекува и „волшебно држење на бебето“ т.н начинот на кој ќе го држите бебето ќе го смири како со магија.
„Овој трик се користи како техника за смирување на секое добро нахрането бебе, но и немирно“, пишуваат авторите на книгата „Женска уметност на доењето“. Откако овој трик бил објавен на Фејсбук, станал вирален, а некои мајки велеле дека овој трик им помага на бебињата и да ждригнат.
Бебето би требало да лежи со стомакот на вашата лева одлактица, со рацете секоја на своја страна. Вие би требало сигурно да ги придржувате вратот и главата на бебето.
Овој начин на држење мајките го нарекуваат „мајмун на гранка“, но и со многу други изрази. Како и да е, вреди да го пробате!