Таа успеа да забремени минатата година, со помош на вештачко оплодување.
Маргарет Аденога (68) и нејзиниот сопруг Ноа (70) од Нигерија скоро 43 години се обидувале да имаат дете. Нивната желба конечно се оствари, а на 14 април Маргарет роди близнаци, девојче и момче.
Таа успеа да забремени минатата година, со помош на вештачко оплодување, поради што тие отидоа во Велика Британија.
„Бевме инспирирани од сонот кој го сонев во 1996 година, во кој ми се појави дека ќе бидам познат низ целиот свет“, рече Ноа, додавајќи дека лекарите го предупредувале него и неговата сопруга дека бременоста на нејзината возраст може да биде опасна.
„Одлуката зависеше од нас“, рече татко.
Бременоста ја надгледувале лекарите од Универзитетската болница во Лагос, а Маргарет се породила во 37-та недела од бременоста. Од болницата соопштија дека тоа е првпат кога се соочиле со следење на бременоста кај жена на нејзина возраст.
Д-р Аџејми Окуново рече дека пораѓајот е вистинско чудо, но додаде дека парот се претрпел голем ризик, пишува Дејли Меил.