MAMA

Важно! Неколку грешки кои треба да ги избегнуваат младите мајки

Не постои совршена мајка, само можете да дадете се' од себе...

Секако дека не постои совршен родител. Но, постојат неколку грешки на кои можете да обрнете повеќе внимание и да се трудите да не ги повторувате во иднина. Ова се нашите совети.

Сечење нокти додека бебето е будно

Ова е една од грешките која ја прават многу мајки. Имено, многу полесно и посигурно е на бебето да му ги сечете ноктите додека спие, тогаш е мирно и не постои ризик од повреди.

Занемарување на партнерот

Понекогаш новите мајки несвесно ги исклучуваат своите партнери, односно татковците. Имајте на ум дека и двајцата родители треба подеднакво да учествуваат во одгледувањето на детето уште од мали нозе, па затоа, дајте му прилика на детето да поминува време и со својот татко.

Потценување на самите себе

На новите мајки честопати им недостига самодоверба зашто се плашат како ќе се снајдат во новата улога. Вистина е дека мајчинството е тежок процес кој бара многу труд и учење, но исто така никој не може да биде подобар од грижливата мајка. Сосема нормално е на почетокот да се чувствувате чудно и непријатно, но со текот на времето се’ ќе стане полесно.

Се плашите да побарате помош

Ако се одлучите за доење, големи се шансите дека ќе се соочите со одредени недоумици. Не грижете се поради тоа, зашто повеќето од новите мајки се среќаваат со тие проблеми и не мора да се срамите поради тоа. Па, ако ви затреба помош и поддршка, не двоумете се да ја побарате.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close