MAMA

Дали го знаевте ова: Детето кое најмногу ве лути е она кое најмногу личи на вас

Сосема нормално е членовите во семејството да имаат недоразбирања...

Секој човек е сам за себе, со различен карактер и различни потреби. Затоа, во семејствата честопати доаѓа до конфликти. На пример, неретко мајката повеќе се кара со едно од своите деца.

 

Според истражувањата, она што најмногу ве мачи во однесувањето кај другите личности, е она што ви пречи кај самите вас. Родителите честопати не ги прифаќаат ставовите на своите деца или се обидуваат да ги исправат, затоа што во нив го гледат својот одраз, што пак може да доведе до жестоки кавги.

Децата го имитираат однесувањето на своите родители и од нив имаат наследено многу ставови. Децата уште од детството набљудуваат како се однесуваат луѓето во различни ситуации. Дури и расположението на мајката или таткото може да влијае на емоционалниот развој на нивните деца. Посебно во текот на адолесценцијата кога почнува да се оформува личноста, тогаш децата почнуваат да го усвојуваат однесувањето на своите родители, од начинот на кој зборуваат, до начинот на кој реагираат.

Нормално е во текот на животот да погледнете кон минатото и да не сте задоволни со некои одлуки или со начинот на кој сте реагирале, па би сакале тоа да го промените. Така, кога вие ќе станете родители и ќе видете дека и вашите деца ги прават истите грешки како и вие, автоматски се обидувате да ги исправите.

Но, секогаш обидувајте се да размислувате од аголот на детето, пред да донесете некоја одлука. Проценете го начинот на кој му се обраќате на детето и тонот кој го користите.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close