Градинка
4 знаци дека на детето му недостига родителското внимание
Секое дете на кое му фали внимание од родителот, го покажува тоа на свој начин.
Секое дете реагира на свој сопствен начин, а на родителите останува тие знаци да ги воочат на време и на нив да реагираат на адекватен начин – со внимание, а не со казна. Како децата обично искажуваат дека им недостига време поминато со родителите?
Детето честопати е непослушно
Тоа можеби укажува на тоа дека се чувствува игнорирано. Времето поминато на подот ќе му покаже дека не треба да се однесува непослушно или агресивно за да биде видено во семејството. Додека сте со детето, тоа ќе сфати дека ви е важно, а можеби ќе ја откриете и вистинската причина за таквото однесување.
Детето честопати плаче или не се одделува од родителите
Тоа може да укажува на неговата несигурност. Секојдневно, половина час внимание само за детето, ќе му покажете на детето дека е сакано и сигурно во рамките на семејството, а ќе му помогнете и да му ја вратите самодовербата.
Детето честопати удира, вика и покажува други знаци на бес
Преку игра или разговор, детето ќе научи дека постојат адекватни начини за изразување на лутината.
Детето тешко се снаоѓа во новите ситуации
На пример, кгоа ќе оди во градинка или во школо нема да се снаоѓа лесно или пак кога ќе преминува од родителската соба во своја соба и слично.
Процесот на растење понекогаш е навистина тежок и пред детето поставува тешки задачи, таквите предизвици може да му вметнат сомнеж во сопствените способности.
Така, родителите треба да поминуваат време со детето и да му помогнат да се опушти и да ја стекне потребната самодоверба.