Новости

БИЛ ГЕЈТС ОТКРИВА КОГА ЌЕ БИДЕ КРАЈОТ НА ПАНДЕМИЈАТА: Има оптмистичка прогноза!

Вели до крајот на есента може да се очекува стивнување напандемијата...

Во последните неколку месеци, американскиот милијардер и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, честопати коментираше за пандемијата на корона вирус, повикуваше на вакцинација и почитување на мерките, а неодамна повторно ја коментираше оваа ситуација, нагласувајќи дека очекува светот полека да се врати во нормала оваа есен.

– Очекувам работите да бидат далеку понормални наесен. Ќе бидам шокиран ако и тогаш сè уште има голем број училишта што ќе учат од далечина. Сè уште треба да работиме на зголемување на стапката на прифаќање на вакцините во заедниците со ниски примања. Нивото на вакцинација е сè уште под стандардното. Затоа мора да покажеме пример како најпаметните и највлијателни луѓе во светот ја примаат вакцината и да потврдиме дека делува – посочи Гејтс во интервју за „Wired“.

Bil Gejts, Foto: Profimedia

Овој бизнисмен првенствено ја коментираше ситуацијата во Америка, и посочи дека дури и да има пораст на бројот на вакцинирани, не може да се очекува итно враќање на „старото нормално“ поради ситуацијата во остатокот од светот.

– Остатокот од светот можеби ќе треба да почека до крајот на 2022 година пред да го достигне тоа ниво на вакцинација. Порано беа потребни 20 години за да пристигнат вакцините од богатите земји во земјите во развој. Значи, ситуацијата е подобра во моментот, но не е доволно добра – заклучи Гејтс. 

Инвестирал 1,75 милијарди долари во борбата против Ковид-19!

фото курир.мк

Во јануари годинава, Бил и неговата сопруга Мелинда Гејтс денеска објавија годишно писмо на својата веб-страница во кое ја посочија и сумата која ја вложиле во вакцини и во борбата со ковид-19.

foto ilustracija

„Кога го објавивме нашето писмо минатата година, светот штотуку почнуваше да сфаќа колку е опасна оваа нова пандемија на коронавирус. Иако нашата фабрика е веќе подолго време загрижена за можното сценарио на пандемија, особено по епидемијата на ебола во Африка, бевме шокирани од тоа колку Ковид-19 драматично ги наруши економиите, работните места, образованието и социјалната помош низ целиот свет“, стои во писмото на Гејтс.

Парот во писмото објави дека нивната компанија досега инвестирала 1,75 милијарди американски долари во борбата против Ковид-19.

foto ilustracija

Како што е посочено најголемиот дел од финансиите бил наменет за производство и набавка на критични медицински материјали.

Foto: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

„На пример, ние поддржавме научници кои развија нови лекови за коронавирус, соработувавме со различни партнери за да се осигуриме дека овие лекови се формулирани на начин што е лесен за транспорт и употреба во најсиромашните делови на светот“, напишаа Гејтс.

Тврдеше дека вакцините нема да го решат проблемот!

Она што го кажа Бил Гејтс за вакцините во август минатата година ги шокираше сите – според него, задолжителното вакцинирање нема да го реши проблемот.

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, зборуваше за вакцините против вирусот корона, за теориите на заговор кои го засегаат, а кои се широко распространети и за тоа колку е опасен вирусот што ја предизвика пандемијата.

„Првите вакцини нема да бидат идеални кога станува збор за ефикасност против болеста и трансмисијата. Можеби нема да има долготраен ефект и најмногу ќе се користат во богатите земји. Ќе бидеме среќни ако има доволен број до крајот на оваа година“ – рече Гејтс.

Кога станува збор за бројните теории на заговор кои го поврзуваат со пандемијата на новиот вирус, како и неговите мотиви да го финансира развојот на вакцината, Гејтс вели дека тие ги „искривиле неговите вистински мотиви“, затоа што тој „вложува пари за да спаси животи“.

фото профимедиа

„Тоа е чудно. Теоретичарите на заговор го зимаат фактот дека јас сум вклучен во развојот на вакцините и го превртуваат. Значи, во нивните теории, наместо да дадам пари за да спасам животи, јас давам за да одземам животи. Ако тоа влијае на луѓето да не сакаат да ја примат вакцината или да не носат маски, тогаш тоа е голем проблем“ – рече Гејтс.

Колку дози ќе требаат?

Одговорот што Бил Гејтс му го даде неодамна на новинарот на телевизија ЦБС за тоа колку дози вакцина ќе ни требаат за корона вирусот исто така предизвика големо внимание во целиот свет.

„Во овој момент, се чини дека ниту една од вakцините што се прават не е доволно да ве заштити со една доза. Тоа беше надеж уште на самиот почеток. Можеби вakцините што ќе бидат направени подоцна позитивно ќе нè изненадат.“„Но, за сега, како што стојат работите, не. Кога станува збор за постарите лица, можеби ќе треба да земат повеќе од две дози “ вели тој.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close