Кафе муабет

Џејла се фрли во прегратките на Марија Шерифовиќ- пејачките фотографирани насмеани и среќни (ФОТО)

Тие се многу блиски пријателки...

Уште кога објавија неколку заеднички фотографии на почетокот на кариерата на Џејла Рамовиќ, таа и нејзината менторка Марија Шерифовиќ беа поврзувани во различни контексти.

фото инстаграм/Џејла Рамовиќ

Нема сомнеж дека тие две се исклучително блиски а јавноста сака да знае што точно се случува меѓу нив.

фото инстаграм/Џејла Рамовиќ

Имаше написи дека тие двете се во емотивна врска но таквите гласини и двете ги демантираа.

фото инстаграм/Џејла Рамовиќ

Џејла Рамовиќ откако се појави на сцената на „Ѕвездите на Гранд“ ги освои срцата на многумина со вокалот, убавината и скромноста, но и влезе под кожа и на нејзината тогашна менторка Марија Шерифовиќ, со чија помош победи на споменатиот натпревар.

фото инстаграм/Џејла Рамовиќ

Времето кое го поминуваа заедно подготвувајќи се за секоја наредна емисија предизвикуваше голема почит и роди прекрасно пријателство како што тврдат тие самите.

фото инстаграм/Џејла Рамовиќ

Врската меѓу Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ очигледно воопшто не е нарушена од озборувања а тоа го потврдија и со последната нивна средба а според најновите фотографии може да се заклучи дека не се ни блиску до емотивна врска.

фото инстаграм/Џејла Рамовиќ

Бидејќи некогашната победничка на „Ѕвездите на Гранд“ накратко се повлече од јавноста поради обврските на факултетот, приказните малку стивнаа.

фото принтскрин/Гранд.онлајн

Џејла се преселила во Барселона, каде што посетува престижен универзитет и секогаш кога обврските и дозволуваат, таа лета за Босна или Србија, што беше случај и сега.

фото принтскрин/Гранд.онлајн

Имено, младата музичка ѕвезда го искористи своето доаѓање во Белград за да го промовира својот нов сингл „Спарта“ во шоуто кое ја искачи на врвот а тука се сретна со нејзината поранешна менторка Марија.

фото принтскрин/Гранд.онлајн

– Марија го виде новиот спот и прва ја слушна песната. Кога рече дека ова е одлично, сите бевме среќни и тоа е тоа. Добивме амин од неа – изјави неодамна Џејла, која исклучително многу го почитува мислењето на Марија, а и по шпекулациите во весниците не се двоуми да побара добар совет од неа.

фото инстаграм/Џејла Рамовиќ
фото инстаграм/Џејла Рамовиќ
фото инстаграм/dzejlaramovic
фото инстаграм/Марија Шерифовиќ
фото инстаграм/Марија Шерифовиќ
фото инстаграм/Марија Шерифовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close