Кафе муабет

“Ќе ме остави ако не и направам убаво дете”: Дарко Лазиќ објави видео со Барбара и ја шокираше јавноста!

Парот се спрема за принова...

Веќе не е тајна дека Дарко Лазиќ е заљубен до уши во својата нова девојка Барбара Бобак.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Лазиќ и Барбара се многу активни на социјалните мрежи каде често објавуваат заеднички видеа, а второто изненади многумина.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Вели – ќе ме остави ако и направам грдо дете! Ако ме остави, иде целото видео! – напиша Дарко во видеото на кое се слуша како таа го споменува тоа што тој го напишал.

Барбара се насмеа на неговиот потег кој предизвика симпатии кај фановите…

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Инаку пред извесно време при едно телевизиско гостување Дарко и Барбара освоија бројни симпатии од фановите, нагласувајќи дека планираат и семејство. Сепак, Дарко истакна дека овој пат би одел по ред.

-Прво свадба па дури потоа принова.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Барбара е друга приказна. Се сложуваме во сè, претпоставувам дека можете да видите среќа на мене ?! Таа е девојка која не е љубоморна, има силен карактер и верувајте дека нема нешто што би го променил во нашата врска. Можам да кажам, од оваа гледна точка, дека таа е жената со која планирам деца и брак. Дај боже, еден ден и да правиме свадба, верувам и таа го мисли истото затоа што решив да се оженам неа. Сите поранешни се небитни, се женам со Барбара – низ смеа рекол Дарко, па Барбара продолжила.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
Фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Секако дека планираме бебе! Но, таквите работи не се планираат премногу. Јас и Барбара разговаравме за тоа – рече Дарко во „Пулс на Србија“.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Здравје, ќе имаме бебе понатаму. Овој пат ќе одиме по ред. Се најдобро за минатото, но поважна е иднината – додаде тој.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

Покрај тоа, планираат и нови песни во иднина.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Имам една песна, речиси готова. Сакав да ја извадам до турнејата во Америка, но мислам дека ќе биде малку подоцна затоа што ми се вртат разни „фикс“ идеи во главата. Сакав се да биде по мое, голем дел од текстот го напишав сама. Треба да одам во студио да отпеам па потоа ќе видиме што ќе правиме за спотот, дотогаш на 27 ноември ќе излезе интерпретацијата на 11 песни – објасни Барбара, па Дарко се надоврза со најавата за нов албум и видеа.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

-Со песната „Прво, второ, трето лето“ го вратив времето наназад. Песната е во стилот на Халид Бешиќ и времето на деведесетите, вистинска народна песна. По Нова година подготвуваме сосема нов албум. Девет нови песни и спотови – рече тој.

Марина и Дарко се на судење!

Дарко Лазиќ и неговата поранешна свршеница Марина Гагиќ се сретнаа лице в лице во Основниот суд во Рума, каде се одржа второто рочиште за нејзината тужба за алиментација.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Во судницата наводно дошло до конфликт меѓу поранешните партнери кои не можеле да се договорат за висината на алиментацијата, но и старателството над нивниот син Алексеј.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Прва дојде Марина, а Дарко доцнеше. Штом почна рочиштето дојде до несогласувања. Дарко веднаш стана и рече дека нема приходи и дека може да издвојува 25.000 динари месечно за детето, на што се спротивстави другата страна и истакна дека дава двојно повеќе за првото дете и дека не е во ред да ги дели децата“, вели изворот за српски Телеграф и додава:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

„Дарко стана и рече дека Лорена живее во градот и дека на дете што живее во град му требаат повеќе пари, што тотално ја изреволтира Марина. Таа во своето излагање рече дека е срамно и дека нема да дозволи да го понижуваат нејзиното дете само затоа што живее во село. Дарко стана и рече „Добро, еве, можам да дадам 30.000“ на што таа му врати „не сме на пазар па да се пазариме. Тоа е твое дете““, заклучува изворот.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

За потсетување, Марина бара целосно старателство над детето а тоа го изјави на првото рочиште на кое Дарко не се појави бидејќи беше на патување во Египет со својата нова девојка Барбара поради што рочиштето беше одложено за следниот месец.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

– Дарко не се појави очекувано. Знаев дека нема да дојде. Следното рочиште е закажано за следниот месец, па ќе видиме дали ќе дојде.

Таа, исто така, ги откри своите барања и услови.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

– Целосно старателство. Алиментацијата не ми е толку важна како целосното старателство. Чувствувам дека подобро го чувам детето од него и дека повеќе се грижам за Алексеј.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

По неодамнешните обвинувања на пејачот дека земала работи од куќата во Брестаж и дека никој не ја обвинува, таа коментираше:

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

– Се разбира, нема да ме обвинува кога се работи за моите работи или за работи што моите родители ги купија кога се преселивме. Ни помогнаа, не мораа, но тоа го направија. Кога се крена врева за неплатената алиментација за Лорена, отидов да си ги земам работите. Утре планирам да изградам куќа каде што ќе живееме јас и Алексеј, па ќе ги користам тие работи. Не се ефтини да ги оставите баш така, рече Марина.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close