Кафе муабет

,,Прекрасно е чувството да се претстави Македонија во најдобро светло во Европа”- Одблизу со ЕРСАН ЗИБЕР – ТУРСКИОТ МАНЕКЕН СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО

Ерсан Зибер: Сакам да оставам белег за генерациите кои допрва доаѓаат...

Зад себе има успешна и плодна 15-годишна кариера како модел. Се родил во Германија, а пораснал во Македонија од каде и потекнува.

               Фото/Приватна архива

Моментално живее во Македонија, а за Новата година има зацртано многу професионални улоги и цели.

Одблизу за кариерата, за манекенството, запловувањето во актерските води, семејството и плановите овде во Македонија и надвор од неа –  разговараме со Ерсан во интервјуто за Гламур Магазин.

         Фото/Приватна архива

Ерсан, здраво. Ви благодарам што ја прифатите нашата покана, токму за Гламур Магазин да откриеме малку повеќе како за Вашиот приватен, така и за Вашиот професионален живот.

Кој е Ерсан Зибер за пошироката македонска јавност?

         Фото/Приватна архива

Ерсан Зибер е човек кој веќе 16 години се занимава професионално со мода. На само 9 години почнувам аматерски да се фотографирам низ повеќе локации во Македонија.

         Фото/Приватна архива

Важите за еден од најпознатите и најуспешни манекени како на Блаканот така и во светски рамки.

Како започна вашата модна приказна?

         Фото/Приватна архива

Големата љубов и наклонетост кон оваа професија на моја рана возраст ја забележуваат и моите родители.

Мојата приказна е резултат на многу голем труд и вложување се од себе за да стигнам до титулата еден од најуспешните модели во Македонија и на Балканот. Таквото признание ми е мотив плус да работам и вложувам тука во мојата земја и секако да ја претставувам Македонија низ целиот свет.

         Фото/Приватна архива

Зачекоривте на модните сцени во Франција и Италија, претставувајќи ја Македонија. Какво беше чувството да се претставува оваа мала земја на светските сцени?

         Фото/Приватна архива

Зачекорувањето на модната сцена во Франција и Италија беше голем чекор кој отсекогаш сум го посакувал. Прекрасно е чувството да се претстави Македонија во најдобро светло во Европа.

Секогаш е бидам горд од каде доаѓам како модел – оваа земја има многу талентирани млади луѓе!

         Фото/Приватна архива

Што значи титулата ,,Најуспешен модел на Балканот’’ за Вас?

Се уште сум премногу млад, но оваа титула значи остварување на еден мој голем сон. Секогаш ќе работам, ќе се трудам и ќе вложувам за да оставам белег за идните модни генерации во Македонија.

         Фото/Приватна архива

За кои светски брендови имате фотографирано?

Сум соработувал со  домашни и светски брендови од редот на Boss, Quess, Massimo Dutti и други.

         Фото/Приватна архива

 Женет човек сте и во бракот со сопругата ја имате Вашата ќеркичка. Колку е важна поддршката од семејството?

         Фото/Приватна архива

Во брак сум веќе 3 години. Мојата сопруга Елмедина Зибер е мојата најголема поддршка и мотивација да придонесувам повеќе за мојата кариера. Многу сум горд што секогаш со добри мисли и позитива ме охрабрува да дадам се од себе за професионален и успешен резултат, а кога се сака со голема љубов се се постигнува. Во 2020 година се роди и нашата прекрасна ќеркичка Туана Зибер.

         Фото/Приватна архива

         Фото/Приватна архива

Се појавувате во турската серија  „Балканска приспивна песна“ (Balkan Ninnisi), која се снимаше во Скопје а чиј режисер е Доан Умит Караџа, познат по режијата на сериите „Долина на волците – заседа“ и „Збогум, Румелија“.

Која улога ја глумевте таму и какво искуство беше тоа?

         Фото/Приватна архива

Појавувањето како актер во турската серија Balkan Ninnisi која се снимаше во Скопје а чиј режисер е Доан Умит Караџа познат по многу филмови за мене е преголемо искуство. Прекрасно е да се соработува со еден таков режисер – добитник на многу светски и национални признанија Ја делам сцената со најпознатите турски филмски имиња и многу ми е драго што филмот доби историско значење покажувајќи ги историските места во градот Скопје. Се појавувам како радио спикер во Македонско Радио.

         Фото/Приватна архива

Што е следно од Ерсан Зибер?

Македонската публика и моите фанови и следбеници наскоро ќе ме гледаат со нова улога во македонски филм.

         Фото/Приватна архива

Која е Новогодишната порака која ќе ја упатиме до нашите читатели?

Секој еден нов ден е за нови соништа. Новата година да не краси со  здравје, среќа, бериќет и успех!

         Фото/Приватна архива

Ерсан, Ви благодарам и Ви посакувам уште многу успеси!

Ви благодарам и Вам!

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close