Новости
ЈА КРИЕА ЉУБОВТА СО МЕСЕЦИ, ЈА ЗАПРОСИ А СЕГА НЕ ЈА КРИЈАТ СРЕЌАТА: Актерите од познатата турска серија наскоро ќе го кажат судбоносното “ДА”
Парот наскоро планира свадба...
Се повеќе се шушка дека познатите турски актери Гокберк Демирчи и Озге Јагуз се пар.
Тие својата љубов од хит серијата „Заклетва“,ја пренесоа и во реалниот живот.
Актерите веќе неколку месеци уживаат во својата љубов, а ја продолжија и откако таа ја напушти оваа серија.
Нивната љубов очигледно ќе биде крунисана со брак. Актерот потврди дека планираат заедничка иднина и венчавка. Првиот чекор веќе беше направен кога актерот ја запроси Озге. Парот се уште не го одредил датумот на венчавката.
Озге и тој имаат прилично напорен распоред кога станува збор за работа и малку време за приватен живот.
Демирчи клекна пред Озге, а таа го кажа своето судбинско „ДА“ пред неколку месеци и нивната среќа решија да ја споделат и да ги израдуваат своите пријатели и фанови преку социјалните мрежи.
Тие досега не се огласувале често во врска со нивната романса, иако пред неколку месеци ја потврдија врската.
„Би сакала да им се заблагодарам на сите кои од почеток не почитуваа и поддржуваа. Сите кои ја поттикнуваа нашата љубов, големо благодарам.“
Во хит серијата „Заклетва“ Озге ја глумеше убавата Рејхан.
Таа со својата улога во оваа љубовна сага се прослави како во Турција, така и во регионот, но откако реши да го напушти проектот беше главна тема во турските медиуми.
Таа иако по професија е нутриционистка, ќе ја засака глумата, и како што вели ќе се пронајде во оваа професија. Но очигледно благодарение на глумата таа ќе го сретне и човекот на својот живот, а глумењето во серијата „Заклетва“ покрај популарност ќе и донесе и големо искуство.
Токму затоа и многумина се прашуваа зошто актерката ненадејно реши да го напушти овој проект, по што се огласи и таа и ја соопшти вистината.
Имено убавата актерка во текот на летните месеци призна дека ја напуштила серијата бидејќи завршил нејзиниот договор и дека е време да проба нешто друго.