Кафе муабет
Цеца за прв пат откри кој и го освоил срцето: Не ми треба маж кој ќе ме фасцинира со богатство- само тој може да ме заинтригира!
Ужива со внукот Жељко...
Светлана Цеца Ражнатовиќ долги години ја носи титулата најголема музичка ѕвезда во регионот.
Таа има повеќе од три децении кариера, голем број хитови кои станаа вистински евергрини, а некои од нив пред неколку години завршија во учебниците за основно училиште.
Обожавателите на пејачката со нетрпение го очекуваат излегувањето на нејзиниот нов албум, а за српски Курир таа откри дека преслушала дури 1.000 песни, од кои задржала само три.
– Шест години ми го поставуваат истото прашање, а мојот одговор е многу добро познат. По 17 студиски албуми, не можам да влезам во студио и да снимам нешто слично за да го издадам. Отсекогаш сум се трудела и, се надевам, успеав да го направам секој албум подобар од претходниот. Не е лесно, има голема криза на авторство. За ова време добив преку 1.000 песни, но нема ништо што би ме поттикнало на првото слушање. Сигурно имам три песни, но сепак треба да се доработат за да ги задоволат моите стандарди.
За љубовниот живот вели дека во моментот не е посветена на тоа поле…
– Мојот мозок моментално може да го заинтригира само мојот внук Жељко и профилите на Инстаграм каде што гледам како се уредуваат станови.
Одговори и на прашањето како мажите може да ја освојат но истакна дека многу е тешко некој да и го привлече вниманието.
– Јас сум остварена жена, па затоа е многу тешко некој да ми го привлече вниманието. Создадов сè за себе, па не ми треба некој да ме фасцинира со кули и градови. Ако ме разбирате што велам. Едноставно, хемијата се случува меѓу некои луѓе или не се случува, не можеме да форсираме нешто, таа хемија става се на свое место.
Анастасија повеќе од два месеци е во врска со Немања Гудељ а неодамна изјави дека од нејзиното лице се гледа дека е среќна и заљубена, па Цеца открива дали тоа е навистина така.
– Јас и Анастасија имаме многу отворена врска и разговараме за се, па не морам да ги толкувам гримасите на нејзиното лице за да знам како се чувствува и слично. Едноставно е, зрачи позитивно, што мене како родител ме прави најсреќна, истакна пејачката…