Кафе муабет

ХУРЕМ ПОВТОРНО ВООДУШЕВУВА: Позираше со своите ќеркички и доби многу пофалби од фановите!

По само неколку месеци изгледа прекрасно...

Неодамна го роди своето второ дете, а сега  Мерием Узерли (37) која важи за една од најпознатите турски актерки која ја освои публиката со улогата на Султан Хурем во популарната серија „Сулејман Величествениот, не престанува да изненадува со својот изглед.

фото инстаграм

На втората ќеркичка актерката и го даде името Лили Кои.

Покрај малото бебе, актерката има уште една ќерка Лара, која ја доби од врската со 17-години повозрасниот претприемач Кан Атес, кој што ја тераше да се „реши“ од бебето, но сепак таа одлучи дека треба да ја роди ќерката, да го остави момчето и сама да се грижи за неа.

фото инстаграм

И очигледно дека оваа одлука беше една од најдобрите во нејзиниот живот, затоа што сега ужива максимум во мајчинството, а тоа го покажува и јавно. Мерјем со својата ќерка живее во Германија, но дали со нив е и таткото на нејзиното бебе, шармантната турска актерка, сега за сега, не сака да открие.

Имено, Мерием сега објави фотографии од нејзините две убавици на Инстаграм и разнежни  обожавателите, а воедно предизвика и бројни коментари.

фото инстаграм

„Колку си убава“, „Прекрасна“, „Прекрасна си, Ти благодарам што го сподели ова со нас“, „Убава мама“, „Вие сте најдобрата мајка“, се само дел од коментарите.

За потсетување, актерката на почетокот на септември минатата година им откри на турските медиуми дека е бремена.

– Јас сум бремена пет месеци. Ако сè оди како што треба, ќе родам девојче во јануари. Лара долго сакаше брат или сестра, пресреќна сум што нејзината желба наскоро ќе се оствари. И јас сум среќна затоа што основам свое семејство – изјави Мерием тогаш за медиумите.

фото инстаграм

Актерката се уште крие кој е таткото!

Иако јавноста веќе шпекулира за името на таткото, сепак актерката не се изјаснила по тоа прашање.

Таа на озборувањата дека таткото би можел да биде шармантниот актер Чаглар Ертугрул кој го толкуваше ликот на Јагиз Егемен во серијата „Ќерките на Фазилет“ која беше голем хит и во Македонија, не даде потврден одговор, но не негираше, што станува уште посомнително.

Фановите се прашуваат кој е таткото на бебето, но популарната актерка реши тоа да го задржи за себе.

„Некои работи ќе ги задржам само за себе“, одговори Хурем неодамна во едно интервју на прашањето кој е таткото. Таа тогаш откри дека е во врска и дека моментално се чувствува среќна и благословена.

фото инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close