Новости

Преслатки четиригодишни дечиња ги освоија симпатиите на Мишел Обама: Се облекоа како Барак Обама и поранешната прва дама и станаа вистински хит!

Станаа вирален хит...

Овие четиригодишни преслатки деца ги освоија симпатиите откако буквално го превземаа изгледот на Барак и Мишел Обама.

Оваа недела, Рајли Медисон Хемптон и нејзиниот пријател Зајден Лоу од Фиренца, Јужна Каролина се облекоа и се фотографираа како Барак Обама и Мишел, кои присуствуваа на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден на 20 јануари.

Слатката фотосесија стана вирална, па дури и заработи признание од самата госпоѓа Обама.

Четиригодишните деца направија серија преслатки фотографии на Инстаграм а за се е виновна бабата на Рајли, Шејла, која дошла на идеја откако ја видела инаугурацијата во јануари.

„Таа буквално остана без здив откако ги виде Мишел и Барак  и веднаш помисли дека ќе биде одлична идеја за фотосесија“, изјави за DailyMail.com, мајката на Рајли, Зои Хемптон.

Со само малку шопинг на Амазон, таа успеа да ја реализира целата замисла облекувајќи ја Рајли во црвени панталони со задебелен златен појас, црвено-розова кошула и соодветно палто.

Во меѓувреме, Зајден носеше сино палто од дапер, црна маска за лице и значка со американско знаме.

Зои рече дека иако децата од четири години не би можеле да го разберат значењето на улогата на Обама, сепак тие „гледаат двајца луѓе кои се облечени како нив и се чувствуваат убаво.

Откако се фотографираа со помош на тетката на Рајли- која со својот мобилен телефон  ги сними фотографиите – сликите беа објавени на Инстаграм профилот на Рајли  и собраа над 11.000 лајкови на страната на Рајли.

Не помина многу време кога и самата Мишел ги забележа преслатките фотографии и ги сподели  на своите профили на Инстаграм и Твитер.

„Рајли и Зајден, буквално го изведовте тоа!“ напиша таа- и дечињата добија уште 1,9 милиони лајкови.

Зои рече дека никогаш не замислувале дека сликите ќе станат толку популарни.

Само неколку недели претходно, Рајли исто така се облече како потпретседателка Камала Харис во бел костум идентичен со оној што таа го носеше во Центарот Чејс во Вилмингтон, Делавер откако Бајден ја освои претседателската функција.

Ова не е прв пат мало девојче да стане вирален хит затоа што се облекува како госпоѓа Обама.

Во 2018 година, тригодишното девојче Паркер Кари се облече како поранешната прва дама за Халовин.

Паркер беше ставена во центарот на вниманието месеци порано додека ја посетуваше Националната галерија за портрети во нејзиниот роден град Вашингтон, за да го посети тогаш новиот портрет на Мишел.

Паркер, во тоа време имаше две години, и беше фатена како со подотворена уста гледаше во портретот на Мишел Обама.

Фотографијата брзо стана вирална.

Потоа, за Ноќта на вештерките, мајката на Паркер, Џесика ја облече како Мишел Обама.

Мишел и тогаш на Твитер напиша: „Го “скина” изгледот, Паркер! Ми се допаѓа!!!!’

Tags

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close