Новости

Принцезата Шарлот е највлијателна во кралското семејство- стана интернет ѕвезда откако беше објавена оваа фотографија!

Сите се изненадени од малата Шарлот...

На Инстаграм профилот на војводата и војвотката од Кембриџ пред неколку дена се појави нова семејна фотографија која стана вирална, поради малата принцеза Шарлот.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

Имено за само половина час фотографијата доби околу 300.000 лајкови.

Среќни сме што можеме да објавиме нова семејна фотографија која се наоѓа на овогодинешната божиќна честитка“, стои во описот на фотографијата која ја споделија на Инстаграм.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

Обожавателите на кралското семејство после неколку месеци конечно ги видоа принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луис, а малата принцеза го украде целото внимание на фотографијата.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

Судејќи според коментарите на верните обожаватели, таа е главната ѕвезда на фотографијата.

„Шарлот е прекрасна, колку порасна“, „Каква убава фотографија, принцезата е толку убава“, „Се топам, принцезата Шарлот е толку симпатична“, пишуваат воодушевените обожаватели.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

Неодамна во едно интервју принцот Вилијам откри како започнува утрото во кралската палата…

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

“Речиси секое утро има голема кавга помеѓу Шарлот и Џорџ за тоа која песна ќе се свири. И затоа морам да поставам правила за да бира таа еден ден, а некој друг следниот ден. Така, Џорџ го доби своето право на избор а потоа и Шарлот. Така е кога е музиката во прашање“, изјави принцот Вилијам.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

Покрај тоа, принцот откри која песна е најголемиот хит во нивната куќа.

„Една од песните што децата во моментов ја обожаваат е „Waka Waka“ на Шакира.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

Тој откри и дека Шарлот ја користи секоја прилика да ги покаже своите танцувачки способности, бидејќи веќе некое време посетува часови по балет.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

“Шарлот трча низ кујната во нејзините балетски фустани. Целосно полудува со Луис кој ја следи наоколу обидувајќи се да го прави истото. Тоа е навистина среќен момент кога децата само уживаат во танцување, шегување и пеење “ вели гордиот татко.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

Иако има само пет години, принцезата Шарлот, ќерката на принцот Вилијамс, и принцезата Кејт Мидлтон, е многу влијателна врз кралицата.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

Наводно поради неа, кралицата сакала да го одложи предавањето на круната, до после нејзината смрт.
Извор близок на кралското семејство за списанието Мари Клер истакнал дека кралицата не сака да абдицира и да му ја предаде круната на машкиот наследник бидејќи тоа не би било добар пример за нејзината петгодишна правнука, па затоа решила да ги извршува своите должности до последен момент и да го остави назначувањето на нов владетел до после нејзината смрт.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

Малата Шарлот, веќе пишува историја. Таа иако е четврта по ред за круната сепак е прва принцеза чие место во низата не е променето од раѓањето на нејзиниот помлад брат, тригодишниот принц Луиз.
Според Договорот од Перт 2011 година, младата принцеза Шарлот, стана еднаква наследничка на круната, што не беше случај дотогаш, затоа што машките членови на семејството секогаш имаа предност пред истата.

Фото архива

Со постигнување на овој договор, малата Шарлот несвесно направи пресвртница во историјата на британското кралско семејство, и токму поради фактот дека во иднина ќе има многу поголема одговорност отколку што би имала доколку не се случеше договорот, кралицата наводно сака да почека со предавање на круната.

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

Многумина велат дека принцезата Шарлот убавината и шармот ги наследила од својата мајка но ја споредуваат и со покојната принцеза Дијана, а според нејзините бунтовнички реакции, карактерот го наследила од чичко и Хари!

Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge
Фото инстаграм/ Duke and Duchess of Cambridge

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close