Новости

На температури под нула учениците одат во тоалетите надвор од училиштето: Нема врати, влага насекаде, се греат на ќумбе, хигиенски услови нема- оваа жална слика е во повеќето училишта!

Никакви хигиенски услови за децата кои учат во овие училишта...

Оваа сторија од соседна Србија, од селото Мали Извор кај Заечар е недалеку од вистината и е случај и кај нас.

Foto: Tviter/Mirjana Raščanin

Во време кога технологијата напредува од ден во ден, кога се користат компјутери, насекаде никнуваат луксузни хотели, децата од училиштето во ова село во соседна Србија користат полско ВЦ а си ги мијат рацете со кофи вода.

Foto: Tviter/Mirjana Raščanin

Фасадата на ова училиште е во полоша состојба секој ден, а училницата се загрева со кварцен шпорет што не може да загрее ниту една просторија на вистински начин. Само неколку детски цртежи залепени на ѕидот во училницата откриваат дека ова всушност е воспитно-образовна институција, пишува Noizz.

Foto: Tviter/Mirjana Raščanin

Она што е полошо во оваа приказна е фактот дека ова не е единствен случај во Србија.

Институтот за јавно здравје објави податоци кои го откриваат зачудувачкиот факт дека најмалку 87 основни училишта во Србија немаат пристоен тоалет или мијалник за миење раце. Истражувањето спроведено од CINS покажува дека бројот постојано се зголемува, а во истражувањето што го спроведоа со прашањето дали во самите основни училишта има сапуни и крпи, одговорот на учениците и родителите беше – ги нема доволно или не.

Foto: Tviter/Mirjana Raščanin

– Во посебниот клас на основното училиште „Станимир Веjковиќ Зеле“ во Мрвеш, кое се наоѓа на 30 километри од Лесковац, учениците сè уште користат полски  тоалети кои се поставени во дворот, а на едниот нема ниту врата. Во околината на Лесковац, уште најмалку шест училишта имале исклучиво полски тоалети во 2019 година, а само неколку години порано, некои училишта немаа канализација или септичка јама, а работниците носеле вода во шишиња – известува CINS за своето истражување.

Во Македонија состојбата е речиси идентична

;

Истражувањето на Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ) од Скопје кое беше спроведено во 2018 година, во периодот од 21 ноември до 21 декември во 80 македонски општини покажа дека голем е бројот на училишта во кои тоалетите се катастрофални.

фото МКД.МК

„Од испитаните училишта на ниво на Македонија се идентификувани две основни и 28 подрачни училишта без санитарни јазли, што е поразителен податок. Вкупно 1.335 ученици учат во овие училишта“, истакна тогаш Борис Џартов од ЗМАИ, за МКД.МК

фото мкд.мк

Општина со најголем број училишта што не поседуваат санитарни јазли е Старо Нагоричане со 6 подрачни училишта. Општини со подрачни училишта без санитарни јазли се и Струмица со 1, Струга со 1, Сопиште со 2, Росоман, Маврово и Ростуше со по едно.

Во Куманово 4 училишта немаат тоалети, едно нема во Кривогаштани, 3 во Кичево, 4 во Зелениково, 2 во Желино, 1 во Гостивар и 1 во Боговиње. Идентификувани се две основни училишта што не поседуваат санитарни јазли во општините Врапчиште и Желино, стои во извештајот на ЗМАИ, кој го пренесе порталот МКД.мк.

Фото МКД.МК

И во Македонија се уште има училишта каде тоалетите се надвор од училиштето!

 

фото принтскрин/ тв сител
фото принтскрин/ тв сител

Во 2019 година Телевизија Сител објави сторија за неколку училишта во општина Струмица и општина Босилово, каде децата учат во несоодветни услови.

фото принтскрин/ тв сител
фото принтскрин/ тв сител

Во селото Еднокуќево во училиштето” Гоце Делчев”, тоалетите се надвор од училиштето, а просториите се греат со помош на ќумбиња. Тие велат велат , реконструкција на училишната зграда  треба да се случи колку што е можно побрзо бидејќи и овие деца заслужуваат ист третман и исти услови како и нивните врсници од урбаните средини.

фото принтскрин/ тв сител
фото принтскрин/ тв сител

Како што објави споменатиот медиум, состојбата и во останатите училишта во општината Босилово е речиси идентична.

Според надлежните план за нивна реконструкција има, но најголем проблем се финансиите.

За училиштата во селата Градско Балдовци, Вељуса и Баница чии тоалети се надвор од училишните згради надлежните во општина Струмица веќе имале изготвено записници со констатација и барање за дислокација во објектите на училиштата. Со нив била изготвена и проектно техничка документација со сите специфични услови и доставена до МОН со приоритет за внесување во програмата за финансирање, објави тогаш Сител Телевизија.

И во Прилеп ситуацијата со училишните тоалети е ужасна!

Пред две години, телевизија Сител објави сторија за училиштето во селото Заполжани, Општина Долнени, каде околу 10 тина ученици учат во стари градби кои не се реновирани повеќе од 60 години.

фото принтскрин/ сител телевизија
фото принтскрин/ сител телевизија

Без канализација, со тоалети надвор од училиштето и покрив кој во секој момент може да се урне врз учениците. Кога врне дожд ходникот наликувал на базент, поради тоа што внатре течело вода.

 

фото принтскрин/ сител телевизија

Тоалетите се надвор од училиштето, немаат ниту септичка јама, фекалииите истекуваат наоколу и се шири неподнослива миризба.

 

фото принтскрин/ сител телевизија

Споменатиот медиум објави дека слична е состојбата и во селото Сарандиново каде исто така нема канализација. За да ситуацијата биде уште покатастрофална, цел канал со фекалии течи околу самото училиште. Водата во училиштето не смее да се пие, а тоалетите се наоѓаат на околу 30-тина метри оддалеченост од училишната зграда се во ужасна состојба.

Училиштето во Студена Бара- Кумановско доби нови тоалети

 

Во ноември 2020 година училиштето Браќа Миладиновци од селото Студена Бара беше соопштено дека ќе се започне со реконструкција, односно со изградба на нови тоалети што ќе чини 311.000 денари, објави порталот A1 он.

фото А1он
ФОТО МИА

Тоалетите во ова училиште се наоѓаат надвор и не ги исполнуваат хигиенските услови за користење.

Останува отворено прашањето дали конечно некој ќе се освести и ќе реши да ги реконструира училишните тоалети кои реално не исполнуваат никакви хигиенски услови?

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close