Кафе муабет

Филип Живојиновиќ објави УБАВИ ВЕСТИ, сите и честитаат на Пријовиќ- ова е посебен ден за неа (ФОТО)

Слави роденден...

Пејачката Александра Пријовиќ слави роденден, а меѓу многуте честитки кои ги доби, особено се истакна една.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Од сите страни пристигнуваат пораки по повод роденденот на Пријовиќ и сите и посакуваат најубави желби, а една од омилените честитки на пејачката несомнено е онаа која денеска се појави на нејзиниот „Инстаграм“ профил.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Имено, нејзиниот избраник Филип Живојиновиќ беше еден меѓу првите кои јавно ѝ го честитаа роденденот на Пријовиќ. Тој објави фотографија на која заедно со својата сакана се во страствен наплив на емоции додека неговата рака околу половината на Прија кажува повеќе од илјада зборови.

фото Стори.рс

– Среќен роденден МАМО. Те сакаме – напиша Филип кој им се препушти на чувствата и во описот на фотографијата го постави текстот на песната „Лутка“ на популарниот бенд С.А.Р.С.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Иако бракот на Александра Пријовиќ и нејзиниот партнер, синот на Боба Живојиновиќ е постојано под будното око на јавноста, а шпекулациите за развод често се тема на таблоидите, нивниот брак е очигледно похармоничен од кога било, а сопружниците уживаат голема љубов, како што е потврдено со овој гест на Филип.

фото инстаграм/Филип Живојиновиќ

Филип и е најголема поддршка…

Александра Пријовиќ постојано е во центарот на вниманието поради бракот со Филип Живојиновиќ на кој многупати му предвидуваа крах.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Неодамна беше запрашана како се согласува со сопругот Филип Живојиновиќ и дали таа и Филип подобро се согласуваат откако станаа родители на синот Александар.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Се расправаме само за песни, тој ми ги направи мелодијата и текстот за песната „Звукот на тишината“. Беше многу заморно! Се расправавме многу, но секако сакавме се да биде што подобро. Испадна одлично и секогаш сум велела дека најмногу му верувам. Откако се забавуваме, тој најмногу ми помага – истакнува пејачката.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Многу се зборуваше за вашиот развод, како и за тоа дека неговото семејство вложи многу во вашата кариера – рече Огњен Амиџиќ, водителот на емисијата „Ами Џи шоу“.

фото инстаграм/александра пријовиќ

– Неговото семејство никогаш не ми помогна финансиски, се финансирав сама од првиот ден. Со овој бизнис почнав да се занимавам рано, на 14 години и така ме воспитуваа и учеа – се трудев сама да се борам и да заработам некој динар. Никогаш од никого не барав и никому ништо не должам, секогаш се трудев да не зависам од никого. Затоа сама вложив се во кариерата, па нема да дојде ден некој да каже дека инвестирал во мене, бидејќи се` сама направив – гордо истакна Александра.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close