Uncategorized

Филип Божиновски е најсреќниот татко – погледнете како ужива со својата мала убавица

Гордиот татко ги разнежи сите

Најубавите моменти со својата наследничка

Малата Софија со своето раѓање внесе радост во семејството на младиот македонски пејач Филип Божиновски и неговата сопруга Сања. Пејачот кој се прослави со неговото учество во „Ѕвездите на Гранд“ пред три месеци се оствари во најважната улога во својот живот. Имено, тој и неговата понежна половина добија ќеркичка, а фотографиите што деновиве ги објави на социјалните мрежи ги воодушевија сите негови следбеници.

Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски

Во време на корона станаа родители

Филип среќните вести дека неговата сопруга е во блажена состојба на социјалните мрежи ги објави во текот на месец јули.

„Во ова лудо време чекаме да ни се случи нешто убаво“, напиша Филип тогаш на Фејсбук покрај оваа фотографија на која се гледаше дека Сања е веќе во поодмината бременост. Фановите веднаш почнаа со претпоставки за полот на бебето, а потоа со уште една фотографија беа решени сите дилеми.

Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски

Имено, Филип и Сања објавија слатка фотографија на која се гледаат женски чевлички. И по 12 години љубов во која секако постоеја и предизвици, но која исто така со тек на времето стануваше се посилна, посебно по две години заеднички живот како маж и жена, пристигна и наследничката како круна на нивната љубов. Да потсетиме, тие двајцата направија голема свадба во Скопје, а како изгледаа како младенци, можете да видите од фотографиите во продолжение.

Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски

Гордите родители својата наследничка и го дадоа преубавото име Софија, а гордиот татко неодамна се пофали:

„Нашата мала убавица наскоро ќе наполни два месеци“ – изјави Филип неодамна за „Гранд онлајн“ и додаде дека се радува на својата нова улога во животот. Сега како што самиот вели секој ден му е поинаков, а родителството за него преставува нешто прекрасно и многу возбудливо.

Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски
Фото: Фејсбук/ Филип Божиновски

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close