Кафе муабет

Убави вести од домот на најпознатиот актерски пар: Тамара сподели фотографија, честитки пристигнуваат од сите страни

Нејзината внука полни една година...

Познатата актерка Тамата Драгичевиќ која во регионот се прослави по улогата во филмот Тома, каде ја играше главната улога на пејачката Силвана Арменулиќ, е исполнета на сите полиња од животот.

Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ

Емотивно сакана, успешна и остварена како мајка, актерката особено ужива во друштвото на своето големо семејство.

Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ

Тамара е тетка на дури три девојчиња, и постојано покажува како ужива во детското друштво, а сега  сподели и убава вест.

Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ

Тамара Драгичевиќ објави среќна вест, а тоа е дека нејзината внука од сестра, Катја веќе има една година.

Со бебе во рацете и блажена насмевка на лицето, Тамара покажа дека е подеднакво посветена тетка, исто како и мајка на Сташа и Лазар.

Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ

Под фотографијата се редеа честитки, а Тамара уживаше во најслатката прегратка, со неверојатни емоции предизвикани од тоа што ќерката на нејзината сестра Марија толку порасна.

Фото Инстаграм/Тамара

Инаку Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина се една од најпознатите актерски двојки во регионот, а таа во една емисија раскажа и како започнала нивната врска.

Фото Стори.рс

– Петар не ми беше симпатија, додека не сфатив дека јас сум негова симпатија. Го имаше „многу“ одеднаш. Ние од класот ќе отидевме некаде и тој цело време одеше со нас. Тој седеше до мене, а кога сфатив дека му се допаѓам, сфатив дека и тој не е лош (се смее). По еден кастинг ни се случи интересна ситуација. Го завршивме кастингот и заедно се упативме дома, беше лето и 40 степени – рече Тамара и продолжи:

Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ

-Одевме, па седнавме на пијачка и цело време мислев зошто толку шетаме. Навистина немаше флерт. Се разделивме кај Бранковиот мост и веќе ми беше непријатно што толку пешачев. Само ѝ се доверив на мајка ми, а не ни знаев дека ми се допаѓа. Тогаш јас му се допаѓав…– заклучила актерката.
Оваа средба беше пресудна за пред пет години тие да бидат главни актери на својата венчавка, во сцени како од бајките снимени на Ада Бојана.

Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ

Свадба на плажа, со семејството и драги пријатели, за која сонуваат многу парови, Тамара и Петар ја претворија во реалност. Летото 2016 година се венчаа во Црна Гора, а сцените од брегот сè уште можат да послужат како инспирација за многу „парови“.

Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ
Фото Инстаграм/Тамара Драгичевиќ

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close