Кафе муабет
Убавата Шехерезад не мирува: Еве што прави во третата бременост- сопругот и е премногу лут!
Бергузар Корел, пред извесно време на Инстаграм објави дека го чека своето трето дете со сопругот Халит...
Актерката Бергузар Корел, позната на нашите простори како Шехерезад од мега популарната турска серија „1001 ноќ“ во март минатата година го доби второ дете со актерот Халит Ергенч кого го паметиме по улогата на Сулејман.
Но и покрај тоа медиумите постојано пишуваа дека парот не се согласува баш најдобро и често им предвидуваа развод.
– Не се согласуваат околу многу работи. Најлошо е што Халие не сакаше друго дете зошто се смета за премногу стар, а неговата сопруга го наговарала на тоа речиси две години. Кога останала бремена, бил пресреќен, но откако се породила, целосно му се посветила на детето и тој се нашол запоставено и заборавено. Одлучиле да се разијдат на неколку месеци, а после тоа ќе одлучат дали засекогаш ќе се разделат, рече извор близок до двојката. Наводно 50-годишниот Халит веќе почнал да се допишува со друга жена за која турските медиуми наведуваат дека е многу популарна и важи за една од најголемите актерски надежи во Турција.
Но сепак изгледа сето ова се само чаршиски моабети бидејќи убавата Бергузар Корел, пред извесно време на Инстаграм објави дека го чека своето трето дете со сопругот Халит.
Актерката ја дознала среќната вест уште на почетокот на снимањето на новиот телевизиски проект, кој го откажа, за да може да се посвети на грижата за себе и одржувањето на бременоста.
– Не сум на малите екрани три години, но за време на неколкумесечните подготовки за улогата во серијата „Кнали Јаи“, дознав дека сум бремена.
-Иако бременоста не ме спречи да продолжам со проектот, сепак моравме да го одложиме снимањето поради физички промени кои не беа соодветни за мојата улога.
-Не ми е лесно да се збогувам со серијалот што го подготвував со одлични луѓе. Сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги од кои научив многу и со кои поминав низ прекрасниот процес на креирање на овој проект. Моја желба е нашите патишта да се вкрстат повторно еден ден – напиша таа, и додаде:
– Од моментот кога објавив дека сум бремена, не можев да одговорам на сите пораки. Ме направивте многу среќна, ви благодарам многу.
Нека драгиот Алах ви даде многу здравје и среќа. Ви благодариме за постоењето.
Иако не ја планирале бременоста и тоа ги изненадило, извори блиски до парот велат дека се многу среќни што пристигнува уште едно бебе во семејството.
Пред неколку дена, Бергузар кратко им откри на турските медиуми како се чувствува.
‘Бременоста е прекрасна. Во некои работи ми е полесно отколку во првата бременост затоа што знаете што ве чека, но во други аспекти е многу потешко. На пример,се здебелив 16 килограми до сега, додека во мојата прва бременост во овој периодимав девет или десет килограми плус. Но, сето ова се слатки грижи “, рече таа.
Бидејќи е во блажена состојба, таа вели дека има можност да се занимава со работи за кои претходно немаше многу време. Затоа, таа малку го редизајнираше ентериерот, а неодамна се пофали со нова кујна на Инстаграм. Конечно беше завршен нејзиниот омилен дел од домот направен по нејзин вкус. ж
„Ми се допаѓа кога сè е на свое место, јас сум перфекционист. Мора да се знае редот и што каде ќе стои.
Сега конечно можам да уживам “, вели убавата актерка, која нема мир, и токму затоа што е многу активна, нејзиниот сопруг понекогаш и е лут:
„ Ми вели да ги смирам страстите, да се одморам. Халит е често лут на мене, но тој знае дека јас не сум тип на човек кој само ќе лежи, заклучила таа. Патем, сопружниците исто така го знаат полот на бебето, но сеуште не ги споделиле овие информации со обожавателите.