Кафе муабет

ТРПАМ ТЕШКИ БОЛКИ! Повторно бев на ин-витро! Гоца Тржан откри шокантни детали, неможе ниту да посвои дете

Пејачката се надева на потомство...

Секогаш кога ин витро оплодувањето нема да успее, ментално паѓам и се прашувам: „Зошто си го правам тоа себеси? * Тешка е борбата за потомството, поради силните хормони сум како луда, вели Гоца Тржан
(48)  и открива дека тешко се носи со тоа што со години не може да забремени со сопругот Раша Новаковиќ (34).

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Гоца реши јавно да зборува за тоа колку и е тешко поради таа неизвесност и што прави за да ги пренасочи мислите додека не дојдат резултатите.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Секогаш кога ќе ми кажат дека вонтелесното оплодување не успеало и дека не сум забременила, паѓам во депресија. И тогаш се прашувам: “Зошто го правам ова?” И секој пат треба да го најдам одговорот и силата да одам понатаму. Затоа што ќе вреди ако успеам! Јас црпам сила од љубовта кон животот. Се опкружувам со луѓе кои ми се допаѓаат, добри книги и музика – вели пејачката за Информер и додава дека ин витро оплодувањето многу влијае на нејзиното тело и мисли:

фото инстаграм/ гоца тржан

– Борбата за потомство звучи благородно, но всушност се работи за тешки маки и притисок. Воопшто не е лесно да се издржи хормонската терапија. Еден месец се чувствувам како да сум луда и имам биполарно растројство, нерасположена сум… Стомакот ми отекува затоа што задржувам вода. А потоа после се што поминувам, следува неизбежното прашање: „Дали успеавте во ин витро оплодување?“ Ајде, марш! Преку глава ми е да одговорам на такви прашања, бидејќи мојата интимност е многу чувствителна.

фото инстаграм/ гоца тржан

Гоца од бракот со Иван Маринковиќ ја има ќерката Лена (15), а сега најголема желба и е да има дете со Раша.

фото инстаграм/ гоца тржан

– Сакам бебе со маж кој искрено го сакам, кој е внимателен, паметен и во кој имам доверба… Тоа не е толку негова потреба колку што е моја – вели поп ѕвездата.

фото инстаграм/ гоца тржан

– Знаете, кога ќе доживеете какво било разочарување, секој пат велите дека нема повторно. Никој кој не го поминал тоа, не знае какво е чувството. И тогаш навистина мислиш дека нема шанси повторно да поминеш низ истото, иако тоа го кажуваш и кога ќе се породиш. Сепак, заборавате на тоа многу брзо и сепак сакате да се обидете повторно, рече Гоца и додаде дека сега не е обесхрабрена.

фото инстаграм/ гоца тржан

Гоца не крие дека секој нов обид за вонтелесно оплодување е прилично скап процес, но подготвена е на се што носи овој предизвик со себе.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

-Воопшто не е евтина процедура, но сепак највисоката цена ја плаќате со емоциите, но и со телото. Никој не знае какви ефекти може да има хормонската терапија врз телото после многу години. Затоа жените прават огромна жртва и тоа треба отворено да се каже. Ние трпиме хормонски терапии, непријатни прегледи, исти процедури и интервенции, кога се оди на тие трансфери е многу тешко. Исто така, минатиот пат се здебелив, иако сега го немав тој проблем. Но, тоа влијае и на линијата. Тоа е шок за целиот организам – објасни Гоца на која секако не и помага притисокот на јавноста во оваа тешка задача.

фото инстаграм/ гоца тржан

– Добив многу пораки од жени за тоа како свекрвите ги гледаат со презир затоа што не им дале внук, додека, морам да кажам, имаше и такви кои ќе ми кажат дека сум премногу арогантна, горда, безобразна и не е ни чудо што не можам да забременам и дека подобро е да ја држам устата затворена. Ме советуваат да му се молам на Бога и да бидам христијанка, а јас би одговорила дека таквите пораки се најмалку христијански што некогаш би можеле да ми ги напишат – изјавила пејачката.

фото инстаграм/ гоца тржан

По четири неуспешни обиди за ин-витро Гоца размислувала да посвои дете, но наишла и на пречки. Според нашиот закон, 48-годишна жена не може да посвои новороденче, бидејќи разликата меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години.

фото инстаграм/ гоца тржан

– Постапката за посвојување деца е морничава бидејќи мора да се исполнат различни барања, а има и одредени ограничувања. Мора две-три години да собираш хартии и да се бориш со глупости. Разговарав со Сергеј Четковиќ, кој ги посвои своите ќерки и кој ќе се обиде да направи нешто за да ги забрза тие процедури. Бидејќи не можеме да посвоиме бебе, јас и Раша се договоривме да избереме дете на кое финансиски ќе му помогнеме – открива Тржан.

фото инстаграм/ гоца тржан

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close