Кафе муабет

Неговата прва сопруга и била како сестра: Се шпекулираше дека не се во добри односи- откриено што мисли Емина за новата снаа

Емина и го честиташе роденденот...

Снаата на Емина Јаховиќ, сопругата на нејзиниот брат Мирсад, Душица Јаховиќ, пред два дена го прослави роденденот, а по тој повод пејачката на својот Инстаграм профил и го честиташе роденденот и ја откри нивната врска.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

Имено, братот на Емина пред Душица беше во брак со Дина Џанковиќ со која има син и ќерка, а јавноста долго време се прашуваше како Емина ја прифатила својата нова снаа, бидејќи Дина била како нејзината сестра.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

Се шпекулираше дека нивната врска не е сјајна, откако според медиумите, Емина не се појавила на свадбата на Душица и нејзиниот брат. Набрзо сите шпекулации беа демантирани, а Емина и Душица се многу блиски.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

– Среќен роденден убавицe – напиша таа на „Инстаграм“.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

Покрај тоа, неодамна, додека работеше на промоција на својот бренд, Емина ја ангажираше Душица како промо лице, што уште еднаш потврди дека нивната врска е совршена.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

За потсетување, во една прилика Емина истакна дека отсекогаш завидувала на луѓето кои се дружат и имаат пријателски однос со браќата и сестрите, бидејќи кај неа тоа никогаш не ни се случило, а со оваа изјава познатата пејачка ја шокираше јавноста.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Нејзиното семејство е далеку од очите на јавноста и пејачката внимателно ја чува нивната интимност, но сепак, таа реши да открие каква врска има со нејзиниот брат и сестра.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– Никогаш не ми беа пријатели ниту брат ми, ниту во сестра ми. Татко ми поч ина кога имав 11 години, а мојот брат мораше веднаш да ја преземе улогата на татко. Во тоа време тој имаше три жени во куќата за кои треба да се грижи, тоа беше непријатна ситуација во семејството – вели пејачката.

фото инстаграм/ Емина Јаховиќ

Нејзиното семејство се смета за хармонично семејство, чии членови се секогаш тука да се поддржуваат едни со други.

Фото Инстаграм/Емина Јаховиќ

Пејачката безброј пати истакна дека нема да успееше ако нејзините најблиски не застанеа зад неа, а сега реши да открие каква врска гради со нив со години.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Пејачката потекнува од медицинско семејство. Таткото на Емина, Хусрет беше кардиохирург, нејзината мајка педијатар, додека сестрата на Емина Јаховиќ е детски психијатар. Емина и нејзиниот брат Мирсад се откажаа од семејната кариера, па додека таа се обидуваше со музика, Мирсад се прослави како кошаркар, и двајцата денес постигнаа голем успех.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ

– За жал Мирсад мораше да порано да созрее, па затоа никогаш немавме пријателски однос. Сестра ми беше повеќе како мајка. Јас всушност имав многу подобри односи со мајка ми, така што можев да и ’се отворам, да разговарам за некои љубовни проблеми, а не со сестра ми. Сега, кога сите тројца имаме деца, почнавме да се дружиме, откри Емина во емисијата „Гламур Специјал“.

фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ
фото инстаграм/Емина Јаховиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close