Новости
ТРЕТА СРЕЌА ЗА СКАРЛЕТ ЈОХАНСОН: Актерката се венчала тајно, далеку од очите на јавноста!
Се чини дека овој пат бракот ќе биде долгорочен
Познатата холивудска актерка, препознатлива по филмовите, Ghost World, Lost In Translation и Girl With A Pearl Earring кои го направија отскокот на нејзината кариера решила повторно да си ја проба среќата и по трет пат да облече венчаница?
Да, ова го тврдат странските медиуми, кои беа преплавени од веста дека Скарлет Јохансон по два пропаднати брака, решила повторно да се омажи за својот избраник комичарот и писател Колин Јост.
Имено актерката која во неколку наврати беше избрана за најсекси и најубава жена, зад себе има два брака кои завршија неуспешно.
Од 2008 година до 2011 актерката беше во брак со актерот Рајан Рејнолдс. Потоа во 2014 година се омажи со Роман Дориак, со кого ја има и ќерката Роуз, но и таа љубоов траеше кратко.
Сепак извори блиски до парот тврдат дека засега Колин и Скарлет се разбираат и дека се крајно компатибилни, па затоа веруваат дека нивниот брак ќе биде хармоничен и долгорочен.
Инаку според странските медиуми, Колин ја запросил Скарлет во мај 2019 година, а се венчале вчера, на приватна церемонија.
Двојката се запознала за време на снимањето на филмот ‘Saturday Night Live’ и оттогаш станале неразделни. Тие редовно се појавуваа заедно на церемонии, свечени вечери и премиери.
После две години врска, Колин реши да ја запроси убавата Скарлет, и тој реши да го стори тоа со стил, па затоа избра неверојатно гламурозен единаесет каратен дијамантски прстен, кој ја оставил глумицата без зборови.
– Бев изненадена. Тој е многу мистериозен и шармантен, и без оглед на тоа што знаев дека ќе се вериме еден ден, сепак тоа е убаво чувство и бев пријатно изненадена. – рече Скарлет во гостувањето на една американска емисија.
Според гласините се чини дека актерката овој пат ја пронајде оаза на мирот во прегратките на Колин Јост но колку че трае бракот ќе видиме со текот на времето.