Новости

НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ ДЕКА ОВА МОМЧЕ ИМА 33 ГОДИНИ: Денис е заробен во тело на 13- годишно момче и е вистинска интернет сензација!

Многумина не му веруваат дека има 33 години!

Иако има 33 години и е роден во 1987 година, Денис Вашурин од Русија е заробен во тело на дете, и изгледа како 13-годишно момче.

фото инстаграм

Денис одеднаш престанал да старее во тинејџерските години, а неговата порака до сите е: „Не судете“.

Иако Денис е голема сензација на социјалните мрежи поради неговиот уникатен изглед, тој претпочита изглед на човек од селото.

фото инстаграм

Вашурин живее во рускиот регион Краснојарск, каде што сите ја знаат неговата приказна и се занимава со лов и риболов.

Тој исто така сака да поминува време со својата девојка со која е во врска четири години.

фото инстаграм

Вашурин ја раскажа својата животна приказна во неодамнешното интервју за рускиот YouTube канал „VASIA NA SENE“.

33-годишникот рече дека неговите родители знаеле дека тој не е како другите деца уште кога бил мал.

фото инстаграм

Тој беше хиперактивно дете, и покрај тоа што беше најмладиот од неговата генерација. Како што растеше, разликата стануваше повидлива.

– Кога сфатив дека повеќе нема да се менувам физички, најпрво се чувствував малку непријатно. Размислував како ќе биде сè, како ќе тече мојот живот, дали ќе ми биде тешко. – рече Денис.

фото инстаграм

И покрај неговата необична состојба, Денис тврди дека води нормален живот. Иако многу пати се сеќава дека бил во ситуации кога требало да ја докаже својата вистинска возраст, дури и пред локалната полиција.

Еднаш, кога бил запрен од сообраќајната полиција, тој бил осомничен дека фалсификувал возачка дозвола.

Денис е најфрустриран што дури и луѓето што го познаваат понекогаш го прашуваат дали се чувствува толку млад колку што изгледа.

фото инстаграм

Сепак, тој тврди дека има карактер на постара личност, барем според пријателите, кои на шега го нарекуваат „дедо“.

33-годишникот има важна порака за секој што рангира книга само по корицата:

фото инстаграм

 

– Вие не го живеете мојот живот. Не знаете како е да се живее во моето тело, во мојата ситуација, каква личност би станале. Затоа, не судете – рече Денис.

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од младоликиот Денис…

&

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close