Кафе муабет

,,ТИ СИ МОЈАТА ГОРДОСТ, МОЈАТА ЉУБОВ, МОЕТО СЕ’ ‘’ – Синот на Перо Антиќ славеше роденден

Синот на познатиот кошаркар славеше роденден...

Нашиот познат и популарен кошаркар  – Перо Антиќ изминатиов период беше актуелен во јавноста по шпекулациите за наводната врска со познатата манекенка Катарина Ивановска.

Фото: Инстаграм/Перо Антиќ

Таквите шпекулации за врската на нашата најпозната менекенка Катарина Ивановска и еден од нашите најдобри кошаркари – Перо Антиќ се покажаа како вистинити.

Фото: Инстаграм/Перо Антиќ

Имено, по подолго време криење од очите на јавноста, изминатиот период, парот веќе реши да не се крие и да излегува заедно во јавност.

Фото/Принтскрин

Неодамна заљубената двојка можевме да ја видиме заедно на изложба во Скопје, каде Катарина и Антиќ беа модно услогласени и со насмевки  на лицата уловени од објективот на Маја Јаневска Илиева.

Фото/Принтскрин

Парот, продефилира на црвениот килим по повод македонската премиера на „Кајмак“, седмиот филм на реномираниот режисер Милчо Манчевски.

Фото/Принтскрин

Катарина се разведе од својот сопруг со кого има две деца – синчето Вања и помалата ќеркичка Кира која ја крсти по својот татко – поранешниот ракометен репрезетативец Кире Ивановски.

Фото/Принтскрин

Додека пак кошаркарот Антиќ во 2019-тата година се разведе од неговата сопруга, Ружица Максимовска после 13 години брак.

Фото/Принтскрин

Тие заедно имаат три сина.

Деновиве, најмалиот син на кошаркарот, Петар го прослави седмиот роденден.

  Фото: Инстаграм/Перо Антиќ

Антиќ објави неколку заеднички фотографии од семејните дружби со децата.

Фото: Инстаграм/Перо Антиќ

„Среќен роденден Петар. Ти си мојата гордост, мојата љубов и моето сè. Тато те сака“,напиша Перо во описот на фотографиите.

Фото: Инстаграм/Перо Антиќ

Поранешниот кошаркар често споделува фотографии со неговите деца. Тие често знаат да играат заедно кошарка, да шетаат и да се забавуваат.

Фото: Инстаграм/Перо Антиќ

Покрај Петар, со поранешната сопруга, Антиќ ги има и синовите Лука и Павел.

Фото: Инстаграм/Перо Антиќ

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close