Дом и семејство

Те сакаат мама и дадичките – близначки со Даунов синдром и го честитаа роденденот на својата помала сестричка Ина!

Ќерќичката на Сара прослави втор роденден

Таа е мајката која успеа да ја развие свеста на луѓето дека сите деца заслужуваат да бидат среќни и сакани, без разлика колку се различни.

 

 

На само 20 години Сара Прелевиќ од Подгорица ги родила близначките Ирма и Илда, девојчиња родени со Даунов синдром и од тогаш го носи ептитетот мајка на храброста.

 

Фото Инстаграм

Сара денеска е во пресреќна врска со нејзиниот партнер Веско со кој ја има ќерќичката Ина која вчера наполни две годинки.

 

По тој повод Сара сподели трогателна порака:

– Ниту еден збор, ниту реченица не може да ја опише мојата среќа затоа што ти ме одбра да бидам твоја мајка ..
Волшебничке моја, СРЕЌЕН РОДЕНДЕН, да живееш уште многу, многу години ..
Те сакаат мама и твоите сестри ..

 

 

Таа е многу активна на социјалните мрежи и постојано објавува фотографии и ведеа, па така вчера по прославата на Инстаграм постави и видео од забавата.

 

 

View this post on Instagram

 

Инаку Сара неодамна зборуваше јавно за свои стравови и соочувања откако дознала дека носи девојчиња со Даунов синдром.

Како самохрана мајка Сара успеа да ги сруши предрасудите и иако откако ги роди близначките се соочуваше со тежок период од животот сепак таа храбро се бореше за своите деца.

– Од самиот почеток тоа многу влијаеше на мене, бев многу помлада, некако беше многу тешко да се надмине сето тоа. Луѓето ве гледаат, па ви станува непријатно, па дури и кога ве исмеваат или зборуваат зад грб …

Сега не се борам, иако се помал е бројот на негативни коментари од луѓето рече Сара за Телеграф.рс.

Сара го привлече вниманието на медиумите во регионот, кој можеби и со право ја нарекоа мајка кралица, лавица и се прашуваат како успева да се бори за своите деца.

– Јас секогаш велам дека многу мајки се борци и дека скоро секоја мајка се откажува од многу работи во животот со цел нејзиното дете да биде среќно. Јас не сум ништо посебно, го правам истото и гледам на моите деца како и секоја мајка – вели оваа скромна мајка.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close