Дом и семејство

Има само пет години а веќе е највлијателна во семејството: Принцезата Шарлот ги промени сите планови за предавање на круната!

Принцезата Шарлот освојува со својот шарм и тврдоглавост

Светските медиуми веќе одамна на големо пишуваат дека кралицата Елизабета Втора наредната година ќе ја предаде круната најверојатно на својот син, 71- годишниот принц Чарлс, но сепак ваквата одлука не е конечна.

 

Foto: BN TV

 

Иако има само пет години, принцезата Шарлот, ќерката на принцот Вилијамс, и принцезата Кејт Мидлтон, е многу влијателна врз кралицата.

Наводно поради неа, кралицата сакала да го одложи предавањето на круната, до после нејзината смрт.

 

 

Извор близок на кралското семејство за списанието Мари Клер истакнал дека кралицата не сака да абдицира и да му ја предаде круната на машкиот наследник бидејќи тоа не би било добар пример за нејзината петгодишна правнука, па затоа решила да ги извршува своите должности до последен момент и да го остави назначувањето на нов владетел до после нејзината смрт.

 

 

Малата Шарлот, веќе пишува историја. Таа иако е четврта по ред за круната сепак е прва принцеза чие место во низата не е променето од раѓањето на нејзиниот помлад брат, тригодишниот принц Луиз.

 

 

 

Според Договорот од Перт 2011 година, младата принцеза Шарлот, стана еднаква наследничка на круната, што не беше случај дотогаш, затоа што машките членови на семејството секогаш имаа предност пред истата.

 

 

 

Со постигнување на овој договор, малата Шарлот несвесно направи пресвртница во историјата на британското кралско семејство, и токму поради фактот дека во иднина ќе има многу поголема одговорност отколку што би имала доколку не се случеше договорот, кралицата наводно сака да почека со предавање на круната.

 

IZVOR: PROFIMEDIA

 

Малата Шарлот, кога и да се појави во медиумите знае како да го сврти вниманието кон себе.

 

 

Многумина велат дека принцезата Шарлот убавината и шармот ги наследила од својата мајка но ја споредуваат и со покојната принцеза Дијана, а според нејзините бунтовнички реакции, карактерот го наследила од чичко и Хари!

Извор Инстаграм

 

Преслаткото девојче ги освои сите симпатии и на социјалните мрежи, па во продолжение погледнете неколку нејзини фотографии.

 

Извор Инстаграм

 

Извор Инстаграм

 

Извор Инстаграм

 

Извор Инстаграм

 

Извор Инстаграм

 

Извор инстаграм

 

Извор инстаграм

 

фото Слободен Печат

 

Извор Инстаграм

 

Извор Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close