Кафе муабет
Таа е најубавата новинарка во светот: Го остави турскиот Аполон и сега фати нов фраер- Дилета падна во прегратките на овој голман
Нивната врска изгледа хармонично...
Заносната Дилета Леота има нова љубов, како што пишува Генте. Се работи за голманот Лорис Кариус кој беше предмет на потсмев, но знаете што велат – тркалото на среќата се врти.
Генте пишува и дека Дилета Леота, која по потекло е од Германија, интензивно учи англиски за полесно да комуницира со своето ново момче.
Јазичните бариери очигледно не ги спречија да започнат романса, во која спортската водителка влезе по врската со турскиот актер Џан Јаман, кој во Турција го нарекуваат и Аполон поради неговиот многу атрактивен изглед.
Во меѓувреме се зборуваше за наводната афера помеѓу Дилета и фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, но тоа наводно беа само гласини.
Дилета и Ибрахимовиќ снимија неколку „жешки“ реклами и тоа беше доволно за да ги подгреат приказните за нивни интимен однос, а оваа вест изненади многумина со оглед на тоа дека Златан имаше добра врска со Хелена Сегер, 11 години постарата манекенка со која има и два сина.
Убавата новинарка по сите шпекулации се огласи поради наводната врска со Златан Ибрахимовиќ, еве што изјави таа:
-Да бидеш со зафатен маж е неприфатливо за моите принципи, покрај целиот избор за светот мораш да имаш свест да не се доведеш до погрешни ситуации – изјавила Леота.
Потоа таа исто така коментира и за тешкиот период кој што го поминала во текот на почетоците на спортското новинарство, кога се појавила на малите екрани, коментирајќи ги најголемите натпревари во Италија и интервјуирајќи ги најголемите спортски ѕвезди, а меѓу нив и Кристијано Роналдо.
-На почеток не беше лесно, колегата ми рече „те донесоа тука поради градите“, но поради таа причина сигурно не го напуштив „Sky“.
Одлучив да одам во „DAZN“ затоа што тоа беше предизвик и затоа што сметав дека пазарот на сателитската телевизија почна да се менува“ – заклучила таа.
Името нејзиното сегашно момче сигурно им е познато на оние кои следат фудбал.
По Лигата на шампионите во 2018 година, Кариус стана предмет на потсмев поради неговите катастрофални грешки во финалето бидејќи носејќи го дресот на Ливерпул практично му подари победа на Реал Мадрид. Сите го исмејуваа, а неговите неуспеси се одразија на неговата кариера.
Обожавателите не ги забораваат тие грешки, а откако се дозна за неговата врска со Леота, најверојатно многумина му подзавидуваат.
Настрана лошата одбрана на теренот, овој голман е еден од најатрактивните спортисти. Со водителката изгледаат како многу хармоничен пар, па многумина им посакаа среќа.
Да потсетиме, атрактивната новинарка раскина со најпосакуваниот турски актер Џан Јаман.
Дилета по четири месеци одлучила да стави крај на љубовната приказна со Јаман, а како главна причина се наведува дека е неговата голема љубомора.
Исто така медиумите пишуваа дека згодиот Џан Јаман не можел да се носи со убавината на неговата девојка. Бил љубоморен на сите погледи кон Дилета.
Овие работи на убавата новинарка многу и сметале, па поради тоа одлучила да раскине со убавиот актер.
-Се чини дека таа се одлучила да стави крај на се. Неговиот шарм не беше доволен, бидејќи Дилета не можеше да премине преку некои работи. Поради тоа одлучила да ја заврши врската, објавија медиумите.
Шпекулациите за Џан и Дилета започнаа откако тие престојуваа во ист хотел во Рим. Италијанските медиуми наголемо се распишаа и објавуваа фотографии од новопечената двојка.