Кафе муабет

СРПСКАТА ГЛУМИЦА И НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ СО МЕСЕЦИ ЖИВЕАТ ВО КОНТЕЈНЕР- Сега градат нова куќа: “Ја правиме сами со помош на Бог”!

Со нетрпение чекаат да влезат во новиот дом...

Српската актерка Невена Вукеш и нејзиниот сопруг, хрватскиот музичар Марко Вукеш, останаа без покрив над главата во март минатата година за време на земјотресот што ја погоди тогаш Хрватска.

фото инстаграм

Двајцата го продолжија својот живот во контејнер што им го подари општина Марија Бистрица, а сега се во фаза на градење на својот нов дом.

фото инстаграм

Фактот што останаа без покрив над главата не влијаеше на тоа Невена и Марко да ги симнат насмевките од нивните лица. Тие храбро се соочија со оваа ситуација и најпрво со многу љубов го уредуваа контејнерот што им стана привремен дом и во кој останаа да живеат со недели и сето тоа го покажаа во серијалот на Јутјуб „Наш нов почеток“.

Летото, минатата година, тие започнаа да ја градат својата нова куќа, за која сега зборуваа за хрватските медиуми.

– Го прифативме нашиот привремен дом – контејнер што општината ни го даде една недела по земјотресот кој се случи минатата година. Статистичарот кој ни даде црвена марка и одлуката дека куќата не е веќе погодна за живеење, туку треба да биде срушена, нè советуваше да разгледаме друга локација за нова куќа, бидејќи блискиот рид започна да се руши. Тоа нè охрабри да дејствуваме брзо, па минатото лето започнавме да градиме нова куќа – објасни младата актерка за хрватското издание на списанието „Стори“, а нејзиниот сопруг Марко додаде:

Тоа е монтажна куќа. Ние самите ја градиме, со помош на Бога и на нашите соседи. Убаво е да се работи со дрво, но треба да имате многу трпеливост и вештини. Се надеваме дека ќе можеме да се преселиме на пролет.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close