Кафе муабет
СРЕЌА ШТО ПРЕД 11 ГОДИНИ КОГА БЕВ БРЕМЕНА НЕМАШЕ ПОРТАЛИ – Миа Костова се јави во одбрана на Антониа Гиговска
Инфлуенсерката во одбрана на Антониа Гиговска...
Деновиве во јавноста одекна веста дека пејачката Антониа Гиговска го кажа своето судбоносно ,,да’’, а воедно таа сподели и дека е бремена.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
,,Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас.
Малечко мое, отсега секој мој роденден ќе го славиме заедно.’’ – напиша Гиговска под фотографиите кои ги објави на Инстаграм.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
,,Прстенот го бирал сам. Умирам од среќа, си славам роденден, бебче, прстен,сееее’’ – додаде пејачката очигледно возбудена за сите настани кои и’ се случуваат.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
Веста за бременоста и запросувањето на Ггиовска е актуелна до ден денес.
Имено, пејачката токму на нејзиниот роденден, кога наполни 22 години објави дека чека бебе со новиот дечко – Роберт Спасенцовски.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
Роберт е инаку исто така музичар кој свири во нејзиниот бенд, а според фотографиите и добар другар на нејзиното бившо момче – Иван Јованов вокалистот на Либеро бенд.
За бременоста на пејачката и запросувањето имаше лавина коментари во македонската јавност.
Најразлично коментари, дел во одбрана, дел кои го осудуваат ваквиот според нив избрзан потег на пејачката.
Во одбрана на Гиговска се јави и познатата бивша водителка и актуелна инфлуенсерка Миа Костова.
,, Денес со првото кафе ги читам порталите, коментариве и сите болести кои ви излегуваат на површина по повод една убава вест ко што е бременоста на Антониа Гиговска.
Фото:Инстаграм/Миа Костова
Си велам, каква среќа што пред 11 години кога останав бремена немаше портали вака, а богами немаше ни активен Инстаграм, инаку сигурно во состојбавата во која бев, во најмала рака ќе пиев апчиња за смирување.
Вас Господ не ви помага, не па кампањи против говор на омраза. Чудо е како самите се трпите, така гнасни и несреќни“, напиша Миа Костова на Инстаграм.
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска
На ваквата објава реагираше и Гиговска, која го сподели сторито па напиша – ,,Мајка ми нон стоп вика дека мајка издржува се’.’’
Фото:Инстаграм/Антониа Гиговска