Новости
Софија е првиот “Викторија сикрет” модел со Даунов синдром- ова е еволуција на брендот!
Успеа да го оствари сонот...
Порториканската манекенка Софија Јирау влезе во историјата како првата личност со Даунов синдром што се појавила во еден од најпознатите светски брендови Victoria’s Secret.
24-годишната девојка беше претставена во новата кампања за колекцијата долна облека Love Cloud.
-Сонував дека еден ден ќе се случи, работев напорно на тоа и денес тој сон се оствари и конечно можам да ја откријам мојата тајна. Јас сум првиот модел на Викторија Сикрет со Даунов синдром, напиша Софија на Инстаграм.
Јирау дебитираше како модел на модната недела во Њујорк пред две години.
-Мојата манекенска работа во САД беше почеток на мојот сон: одење по најважните писти во светот. За мене најважно е да им покажам на луѓето ширум светот дека нема граници и да ги инспирирам да ги следат своите соништа, напиша Јирау на својата страница.
Во 2019 година, таа лансираше и своја линија на облека и модни додатоци, кои ги нарече „I like It“.
Кампањата доаѓа откако Victoria’s Secret минатата година објави голема ревизија на својот бренд.
Имено, брендот со години трпи критики од застапниците кои инсистираат на различност на телото. Овој бренд инаку е познат по високите и слаби „ангели“.
„Колекцијата Love Cloud е важен момент во еволуцијата на брендот“, рече Раул Мартинез, новиот креативен директор на брендот, во соопштението за печатот.
Уште на почетокот многумина беа воодушевени од појавата на Софија, која е храбра млада девојка што има за цел да ги сруши сите предрасуди и да им покаже на луѓето како неа дека може да се успее во сонот само доколку вистински се сака.
– Родена сум за ова и сакам да му покажам на светот како секој модел треба да блесне – напиша таа на социјалните мрежи.
Софија е среќно заљубена и често објавува фотографии со нејзиното момче на социјалните мрежи…
Уште неколку фотографии од моделот кој руши предрасуди и за кратко време го освои светот…