Кафе муабет

Снаата на Жељко Јоксимовиќ откри шокантни детали за односот со свекрвата и деверот!

евена одвреме-навреме има забелешки за односот со членовите на семејството на нејзиниот сопруг...

Сопругата на Саша Јоксимовиќ со години е најголемата љубов на актерот, а сега е јасно каков однос има Невена со својата свекрва.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Сопругата на Саша Јоксимовиќ често е тема на медиумите поради нејзиниот остар јазик. Имено, иако Невена и Саша Јоксимовиќ имаат идиличен брак, Невена одвреме-навреме има забелешки за односот со членовите на семејството на нејзиниот сопруг, поради што и често се пишува за односите кои владеат во семејството Јоксимовиќ.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Имено, во една прилика гостувајќи во емисијата „Магазин ин“, Невена изјавила дека одлично се сложува со својата свекрва, а ја открила и тајната на успешната врска:

– Тајната на успехот не е да живееш во заедница – низ насмевка изјави сопругата на Саша Јоксимовиќ.
Невена тогаш открила дека нејзините родители почесто се грижат за нивниот син Илија отколку родителите на Саша.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

– Моите родители почесто се грижат за Илија отколку родителите на Саша. И мислам дека родителите на женско дете секогаш повеќе помагаат, бидејќи имаат повеќе чувства, односно му помагаат на своето дете. Моите родители ми помагаат на мене, а и родителите на Саша мислат дека ми помагаат мене.

Саша во една прилика откри дека имаат добри односи со семејството бидејќи не дозволува никој да се меша во неговиот и животот на Невена.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Од друга страна, Саша неодамна откри дека и покрај тоа што се пишува во медиумите, има одлична комуникација со својот брат Жељко.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

-Никогаш двајцата не сме биле во лоши односи и секогаш сме се поддржувале. Нашето семејство отсекогаш било свето. Така сме научени и воспитани.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

За потсетување, Саша Јоксимовиќ е брат на еден од најпознатите музички ѕвезди во регионот, Жељко Јоксимовиќ.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Саша е реализиран и успешен актер и досега има одлична комуникација со медиумите но неодамна реши да се огласи по сите озборувања дека наводно испратил порака до еден белградски портал во која бара да не му се обраќаат како брат на Жељко Јоксимовиќ.

Ова негово барање очигледно беше погрешно протолкувано, бидејќи беше пренесено дека Саша сака да се одрече од својот брат.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

По тој повод Саша даде изјава за порталот Србија Данас во која рече:

фото инстаграм/Жељко Јоксимовиќ
фото инстаграм/Жељко Јоксимовиќ

– Морам да ви признаам дека сум длабоко разочаран од тоа што некој помислил и напишал дека сака да се откаже од својот брат и сакам да престанам да соработувам со медиумите. Не ја прекинувам соработката со медиумите, раскинувам со поединци и никогаш не се откажувам, особено од мојот роден брат. Само не сакам луѓето повеќе да ми се обраќаат како негов брат, не затоа што се одрекувам од него или се срамам од тоа, туку мислам дека сум постигнал доволно во животот и кариерата, да знаат кој е Саша Јоксимовиќ. За мене е неверојатна помислата дека некои луѓе мислеа дека сакам да се откажам од брат ми. Го објаснив моето размислување и се надевам дека луѓето ќе го почитуваат тоа во иднина, бидејќи од почетокот на мојата кариера бев некој кој имав одлична соработка и медиумска поддршка – ни изјави Саша.

фото инстаграм/Жељко Јоксимовиќ

На прашањето во каков однос е со неговиот брат, Јоксимовиќ рече:

фото инстаграм/Жељко Јоксимовиќ

– Во одлично. Ние двајца никогаш не сме биле во лоши односи и секогаш сме се поддржувале. Нашето семејство отсекогаш било свето. Така не учеа и воспитаа – призна Саша.

Саша Јоксимовиќ, е во брак со продуцентката Невена Јоксимовиќ со која го има синот Илија.
Саша и Невена се во љубов веќе 20 години а започнаа да се забавуваат уште за време на средното училиште.

фото инстаграм/ Саша Јоксимови

Во една прилика Саша за магазинот Glory.rs призна дека денес тешко би нашол партнерка како неа и кога би бил слободен, но и дека со својата сопруга имаат договор на секои 10 години да прават свадба.
„И кога би бил слободен човек, не знам дали би се снашол да најдам девојка. Невена и јас сме генерација кога се уште се веруваше во љубов и немаше силикони, старлети и ријалити, како ни Фејсбук ни Инстаграм. Се свршивме во лето, и беше толку убаво што се договоривме на секои десет години да правиме свадба“ изјави тој.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Невена во заедничкото интервју истакна дека во љубовта е најважна почитта меѓу партнерите.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

„Без него не можете ни кафе да испиете. Но важно е и тоа да ви биде интересно со вашиот партнер. Саша и јас можеме дваесет дена да бидеме затворени некаде заедно и повторно нема да ни биде досадно“, раскажува таа.

фото инстаграм/ Саша Јоксимовиќ

Инаку, Невена покрај продукција има завршено и Филолошки факултет, каде студирала на отсек германски јазик. Многумина ја фалат бидејќи секогаш е дотерана и е вистински пример како денешна жена може да биде посветена мајка, сопруга за пример, а воедно и успешна деловна жена.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close