Новости

Скандалозна изјава на Рада Манојловиќ: Сопругот на Тања Савиќ беше секогаш “ФИН” со мене!

Рада открива детали за бракот на Тања Савиќ

Радмила Манојловиќ важи за една од најатрактивните пејачки на Балканот.

 

Таа во едно интервју за “Skandal i Svet” открива како успева да преживее во моментот кога нема настапи. Вели дека добро се справува иако поради коронавирусот откажани се сите ангажмани, нема нови песни итн.

 

Таа во интервјуто открива дека не завршила на психијатар поради тоа што има друга преокупација. Вели ен била многу погодена од целата оваа ситуација со пандемијата бидејќи не гледа вести, не чита весници ниту пак се интересира за новостите во врска со вирусот.

 

На прашањето дали и е криво поради тоа што Емина Јаховиќ не ја повика да ја рекламира нејзината козметика, Рада одоговори дека тие воопшто и не се познаваат. Имаат колегијален однос сведен на здраво и неколку пати се сретнале случајно, но не ја исклучува можноста за снимање на заеднички дует.

 

 

Пред извесно време во медиумите на големо се пишуваше за тоа дека популарната пејачка Стоја, ја навредила Рада, која сега јавно реши да се извини поради брзата нејзина реакција.

Наводно Стоја ги пресретнала Рада и нејзиното момче Харис, и му кажала дека таа не е за него, дека може да си најде подобра, на што Рада не успеала да премолчи и јавно ја прокоментирала оваа изјава на Стоја, но сега Рада реши да се извини:

Јас се чувствувам незгодно поради тоа. Јас не сум таква личност, да кажувам што ми се допаѓа а што не, и речиси секогаш премолчувам. Во животот секогаш повеќе сум се каела поради она што сум го кажала, отколку она што не сум. Јас сум сосема спротивна и поради тоа ми пречат сите изјави и нормално дека допираат до мене, но сепак научив да живеам со тоа. Мојата грешка со Стоја беше што не и се јавив лично како зрела особа, туку прокоментирав јавно.

Дали си запознаена со сето ова што и се случува на Тања Савиќ?

 

-Да, знам по нешто но не ги знам сите детали. Ја знам суштината но се оградив од сето тоа бидејќи јас ги познавам и Душан и неа.

 

Рада посочува дека го познава Душан онолку колку да каже дека е многу фин. Таа отки дека со нејзината сестра и со неа се однесувал културно, и дека биле на гости во нивниот дом, каде исто така Душан бил фин и гостопримлив.

 

Дали ти делуваа како добар пар?

Да, баш изгледаа како млад заљубен пар и децата им се прекрасни и воспитани. Жал ми е секогаш кога едно семејство се распаѓа, но не можам да навлегувам во детали за нивната разделба. Жал ми е што поминуваат низ сето ова.

 

На прашањето дали се допишува со Тања Савиќ, таа вели дека комуницираат на Инстаграм, но дека тоа е сосема нормална комуникација.

 

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

 

Јас никогаш не сум сакала да се мешам, само и понудив моја помош ако и е потребна. Ја посоветував само околу новинарите, вели Рада за “Skandal i Svet”.

Рада слободното време го поминува на село

 

Рада Манојловиќ не бега од минатото и од своите корени.

 

Популарната фолк пејачка тоа не само што не го крие, туку и секој свој слободен момент го користи да му се врати на селото и тоа го прави со големо задоволство.

 

 

Таа пред неколку месеци се врати кај својот татко Раде, маќеа Сузана и сестрата Марија во родното село и секој ден го прави она што како мала го сакала многу. Таа копа во бавчата, вози трактор, храни кокошки…

 

 

„Рада е тука веќе неколку месеци. Оди повремено во Белград кога има некои деловни обврски, но секогаш се враќа. Ужива со семејството и мештаните“, раскаж неодамна извор близок до нејзиното семејство, пренесуваат медиумите.

 

 

Како што вели тој, Манојловиќ е во новата куќа која што ја изгради пред неколку години. Во куќата често се собира нејзиното друштво од детството и со нив поминува креативно време потсетувајќи се на најубавите денови од животот.

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close