Кафе муабет
Се сеќавате на Нигар- Калфа актерката со македонско потекло која се прослави во “Сулејман Величествениот”- Еве како изгледа денес, нема да ја препознаете
Непрепознатлива...
Македонската публика ја запозна турската актерка Филиз Ахмет во улогата на Нигар- калфа во серијата „Сулејман Величествениот“, а она што малкумина го знаат е дека таа е актерка со македонско потекло.
Нејзината убавина во серијата го маѓепса познатиот Ибрахим Паша, а во приватниот живот актерката се уште плени со совршениот изглед.
– Потекнувам од уметничко семејство и во театарот сум од детството. Дипломирав глума на Факултетот за драмски уметности во Скопје и првенствено сум театарска актерка. Популарноста никогаш не ми била приоритет, истакна некогаш популарната актерка.
Турската актерка Филиз Ахмет е родена на 15 април 1981 година во главниот град на Република Македонија. Филиз подоцна се преселила во Шведска со своето семејство.
Во оваа земја, девојчето завршило медицина и станало специјалист во областа на медицинското образование, а потоа Филиз студирала на Конзерваториумот на турскиот театар и почнала да работи во театар.
Филиз својата филмска кариера ја започна глумејќи во македонската мини-серија „Институција“ која излезе во 2002 година.
Во 2007 година Филиз ја доби улогата на Зарифе во турската ТВ серија „Збогум Румелија“ со која се прослави во Турција, а потоа таа доби свои улоги во филмовите „Целта на мојот живот“ и „Момци од друга област“.
Од 2011 до 2014 година, актерката ја играше улогата на Нигар Калфа во ТВ серијата „Величествениот “, која ја прослави низ целиот свет.
Сега актерката глуми во серијата „Балканска приспивна песна“. За време на снимањето на серијата „Величествениот “ се шпекулираше за романсата на Филиз со актерот Окан Јалибик. Тие наводно се забавувале неколку месеци пред парот да раскине.