Кафе муабет
Се породи Катарина Грујиќ: Гордиот татко веднаш сподели слика од ќеркичката! (Фото)
На девојчето му го дадоа името Катја...
Пејачката Катарина Грујиќ и фудбалерот Марко Гобељиќ денеска станаа родители на малата Катја.
Популарниот пар оваа прекрасна вест ја објави на социјалните мрежи, а Марко им ја покажа наследничката на своите следбеници на Инстаграм.
Добредојде кукло моја“, напиша Гобељ во описот на фотографија од наследничката.
Следеа многубројни честитки од пријателите, меѓу кои и Анастасија Ражнатовиќ.
„Драги мои Гобељци, денес станавте најсреќните луѓе на светот, од срце ви го честитам раѓањето на малата Катја, да е жива и здрава“, напиша Анастасија.
Инаку, гордиот татко резервирал ресторан во кој моментално слави за раѓањето на ќерка си.
Инаку пејачката Катарина Грујиќ во една прилика зборуваше за врската со сопругот.
„Прво се дружевме, па започнаа искри, но одевме полека, сакавме добро да се запознаеме и кога ни се укажа прилика, запловивме во врска. Исти сме, ќе пламнеме во секунда и ќе се смириме, нема сериозни кавги, никогаш не ни е досадно, долго разговараме, постојано имаме теми, никогаш не ни е досадно, што е најважно покрај поддршката и љубовта“, рече таа.
Неодамна во медиумите се појави веста дека пејачката имала посебна желба за чинот на породување.
Имено таа сакала пред породувањето и за време на тој чин да има посебен третман за што се погрижи нејзиниот сопруг.
Тој решл да плати 4000 евра за породувањето на Катарина а како што откри извор близок на парот, тоа е најскапиот пакет за породување во болницата.
– Штом дознала дека е бремена, Катарина решила бременоста да ја води во приватна болница. Ниту една секунда не размислувала каде ќе се породи, па се одлучила за познатата болница во која се породуваа многу јавни личности во Србија а Марко ја поддржал – изјавил за Ало добро упатен извор.