Новости

Се огласи ќерката на Балашевиќ и го расплака целиот Балкан: Те сакам тато, се гледаме во …

Ќерката на Балашевиќ е скршена од болка

Животот на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ згасна на 76 годишна возраст, а зад себе ја остави сопругата Оливера, ќерките Јована и Јелена и синот Алекс, како и неговите многубројни хитови.

По тажните вести неговата ќерка Јована попозната како Лола Балашевиќ се огласи на својот Инстаграм со емотивна порака.

Таа на својот профил на социјалните мрежи сподели видео на кое Ѓорѓе и Оливера уживаат со внуките на прославата на неговиот роденден, во нивниот двор во семејната куќа во која што живееја во Нови Сад.

Фото: Инстаграм/ Лола Балашевиќ

„Мислев дека вечерва ќе можам да се извлечам. Каков прекрасен ден! Секое лице што го гледам е едно сеќавање. Можеби сеќавањето не е совршено. Понекогаш имам успеси и паѓања. Но сите сме заедно, а вечерва сте мои. Ќе го прекршам обичајот и ќе кажам што посакав додека ја дував свеќата: Животот да ви биде среќен како што беше и мојот. Едно утро да се разбудите и да кажете: ПОВЕЌЕ НИШТО НЕ САКАМ. 67 години. Зарем не поминаа во миг?“ го цитираше Јована својот татко и додаде:

„Те сакам тато, ми го подари најубавиот можен живот, се гледаме во дворот“, напиша Лола на својот Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Лола Балашевиќ

Фановите на Балашевиќ не можеа да останат рамнодушни на овие емотивни зборови на Лола, па многумина напишаа дека почнале да плачат штом ги прочитале тажните вести за нејзиниот татко.

Фото: Инстаграм/ Лола Балашевиќ

„Плачам и не можам да застанам, замина најголемиот“, „Драга Јована, имаш на што да се сеќаваш и со што да се гордееш. Нека му е вечна славата“ се само некои од коментарите што можат да се прочитаат на Инстаграм.

Фото: Принтскрин

Живееше за семејството

На Ѓорѓе Балашевиќ семејството секогаш му беше на прво место. Неговата ќерка Јована пред неколку години во емисијата „Премиера- Викенд специјал“ за нејзиниот татко го изјави следново:

„Кога би се прашувала јас, би кажала тој повеќе никогаш да не пее во Нови Сад затоа што тука публиката е малку фpигиднa. Јас знам колкава е разликата од Загреб и тука. Но да не ми замерат сега оние кои се прашуваат од која вера сме и на кого му се додворуваме“, изјави таа тогаш и додаде:

Фото: Принтскрин

„Кога отиде некаде во друг град, јас сфатив кој е Ѓоле, кога целата сала ечеше“, додаде Јован во емисијата.

Фото: Принтскрин

Таа потоа откри и на која песна заплакала:

„Само Бајага да не се налути, но никој не може толку да ме растажи. Ѓоле навистина тука е потполно оригинален, се надевам дека неговата поезија ќе влезе во читанките. Никогаш не би кажала дека би плачела на песната Оливера како што плачев во Нови Сад. Тоа потполно ме растури“, изјави тогаш таа.

Фото: Инстаграм/ Лола Балашевиќ
Фото: Инстаграм/ Лола Балашевиќ

Инаку, покрај Јована, Балашевиќ ја има и ќерката Јелена Беба Балашевиќ која беше многу поврзана со него.

Фото: Принтскрин

Беба Балашевиќ воедно беше и неговиот најголем фан, а токму нејзиниот тако најмногу и помогна да го преброди најтешкиот период во животот по тешката сообраќајна несреќа по што беше парализирана.

Фото: Принтскрин

Таа тоа нема никогаш да му го заборави.

Фото: Принтскрин

Имено, Јелена во зимата 1998 имаше тешка сообраќајна несреќа. Во автомобилот беа загрозени животите на четири лица, а Јелена настрада најмногу. За среќа на останатите не им беше ништо. Автомобилот се превртел на покривот, па нејзините пршлени на вратот испаднале од рбетниот столб. Тоа создаде оток и потполно и беа одземени екстремитетите. Уште додека била во автомобилот сфатила што и се случило. На сопатниците им кажала дека го скршила вратот.

Фото: Принтскрин

Кога стигнала во болницата, прогнозите биле обесхрабрувачки. Пациентите со таква повреда практично никогаш не оздравуваат.

Фото: Принтскрин

Ѓоле тогаш вети дека ќе се истетовира штом таа ќе прооди. И така беше. Јелена прооди, а тој ја направи тетоважата.

„Татко ми го истетовира Амос, малото глувче од цртаниот филм Бен и јас. Моите родители секогаш биле она што се и денес, моја најголема поддршка, мои најдобри пријатели, луѓе кои за мојата сестра Јована, за братот Алекс и за мене секогаш имале само многу љубов“, изјави таа.

Фото: Инстаграм/ Лола Балашевиќ

Како што самата кажа во една пригода, од нејзиниот тако ја наследила љубовта кон зборовите. И Ѓорѓе и Оља биле отсекогаш посветени на децата. На секој концерт оделе сите заедно, а на Ѓоле секогаш му беше важно дали добро се сместиле и дури тогаш го започнуваше својот концерт.

Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Лола Балашевиќ
Фото: Инстаграм/ Оливера Балашевиќ
Фото: Инстаграм/ Ѓорѓе Балашевиќ
Фото: Инстаграм/ Оливера Балашевиќ
Фото: Инстаграм/ Оливера Балашевиќ
Фото: Принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close