Дом и семејство
Сашка Веселинов е бремена: Семејството Ѓоковиќ пресреќно- најмалиот брат го откри полот на бебето
Го очекуваат првото дете...
Во септември Ѓорѓе Ѓоковиќ и неговата избраничка Сашка Веселинов го кажаа судбоносното “Да”.
Тие направија свадба во две земји, во Србија и во Црна Гора.
Семејството Ѓоковиќ потроши 75.000 евра за венчавката на најмладиот брат на Новак, Ѓорѓе и Сашка Веселинов.
Многумина беа изненадени од одлуката на младенците да летаат за Црна Гора по црковната венчавка.
– Младенците со семејствата по црковната венчавка заминаа во ресторанот на Новак на кратка пауза, а попладнето заминаа на аеродром, од каде полетаа за Тиват. Само за авионски превоз искеширале 12.000 евра. Местото во ресторанот за каде што поминале 200 км, ги чинело 10000 евра. Тие обезбедија и хотелско сместување за сите гости, што ги чинеше околу 20.000 евра. Музиката им била важна ставка, па платиле 25000 евра за неа, а уште 10.000 за украсување. Останатите трошоци, како што се шминката на Сашка, чевлите, фустанот, костумот на Ѓорѓе, чевлите и многу други ситници ги чинеле дополнителни 10.000 евра- рече тогаш извор близок до Ѓоковиќ.
Како што јавноста е запознаена, сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, Сашка Веселинов е бремена а сега го откри и полот на бебето.
Имено, Сашка откри дека за 3 месеци ќе стане мајка, а ќе роди момче.
– Кон крајот на март во нашето семејство ќе пристигне момче. Интуицијата не ме залажува, тоа чувство го имав од моментот кога дознавме дека сум бремена – рече Сашка.
Сашка реши да се породи во Белград.
– Да, решив да се породам во Белград. Имавме различни можности и опции, но за среќа го најдов вистинскиот тим кој ќе ја менаџира мојата бременост. Најважно е се да биде добро, имам доверба во нашето здравство. рече Сашка.