Кафе муабет
Реши да и даде втора шанса на љубовта: Една од „Ураганките” ќе стапне на лудиот камен!
Ксенија ги изненади сите со веста дека наскоро би можела да стапне на „лудиот камен“....
Љубовната идила на трите прекрасни девојки од групата “Ураган” е секогаш под будното око на медиумите.
Така Ксенија по приказните дека раскинала со долгогодишното момче Никола и дека започнала врска со младиот актер Павле Менсур, потврди дека се вратила во прегратките на бившиот.
– Момчето со кого се забавувам го познавам цел живот. Прво се дружевме, па потоа се роди љубовта меѓу нас. Пет години сме заедно и мислам дека тој ќе биде за кого ќе се омажам.
Не планирам наскоро брак ни деца, затоа што сме млади. И двајцата сме фокусирани на кариерата, но кога ќе дојде време за тоа, ќе се омажам, нема да бегам од тоа, збоуваше Ксенија за медиумите.
Врската ја прекинале мирно, а пејачката изјавила дека некое време сака да биде сама и да се посвети на себе си и на кариерата.
Но сепак во меѓувреме работите се променија. Иако многумина мислеа дека ставиле крај на љубовта која трае веќе шест години, Ксенија ги изненади сите со веста дека наскоро би можела да стапне на „лудиот камен“.
– Можно е наскоро да стапнам на „лудиот камен“. Сега се договараме за нешто. Почнуваме да живееме заедно. Мислам дека беше време. Среќна сум! Тоа е единственото што можам да ви го кажам засега – со широка насмевка изјави Ксенија за „Премиера“.
Извор близок на Ксенија неодамна откри за домашните медиуми дека таа брзо сфатила дека сака да и даде уште една шанса на љубовта, која и покрај оваа пауза траела цели шест години во мир и хармонија.
Ксенија Кнежевиќ е ќерка на познатиот пејач Ненад Кнежевиќ – Кнез.
Иако Ксенија талентот за музика го наследила од нејзиниот татко, се чини дека убавината ја наследила од нејзината мајка.
Кнез се разведе од поранешната сопруга Нина во 2013 година, со која доби Ксенија.
Пејачот еднаш рече дека разводот е резултат на долгогодишно несогласување.