Кафе муабет

РАСКОЛ ВО СЕМЕЈСТВОТО: Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг минаа низ ГОЛГОТА поради нивните родители

Се изборија за својата љубов...

Виолета Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташко се во идиличен брак речиси три децении. Тие важат за еден од најхармоничните парови на естрадата, но на почетокот не беше се така идеално.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Тие се запознале преку заеднички пријатели, а за прв пат се бакнале на 18 март 1994 година.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Родителите на пејачката, Зорка и Светомир, штом слушнале дека Вики се заљубила во Ташко, инсистирале да ја прекине врската и повеќе да нема никаков контакт со него.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

– Потекнувам од строго семејство кое не сакаше да ја продолжам врската со Ташко, а притоа родителите на мојот сопруг со своите ставови само ја влошија ситуацијата. Иако бевме млади, тој имаше 22, а јас неполни 19, решивме да се венчаме – изјавила еднаш пејачката и додала дека тензијата траела неколку месеци.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

– Морам да признаам дека расколот траеше долго, но преживеавме благодарение на силата на нашата љубов. Дури по долго време односите меѓу нашите семејства се подобрија – рече таа.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Кумовите на пејачката беа нејзините пријателки и колешки – Светлана Цеца Ражнатовиќ и Сања Ѓорѓевиќ.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Свадбената веселба на која присуствуваа неколку стотици гости се одржа на еден брод. Во октомври истата година стигна веста дека пејачката го родила синот Андреј, кој дефинитивно е круна на нивната љубов.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

За потсетување, Ташко ја има ќерката Јелена од првиот брак, која со години живее во Германија, каде минатата година основа и свое семејство.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Како што на неколку наврати изјавил нејзиниот татко за медиумите, со семејството во Германија, неговата гордост која по професија е економист, отворила етно ресторан, во кој се служат српски специјалитети.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Ташко откри и дека Вики му била поддршка, кога ја советувал и упатил Јелена да ги заврши студиите:

фото Инстаграм/Јелена Бодироза

– Јелена уште од детството покажа дека е талентиран музичар, свиреше на хармоника и пијано, но реши да оди на Економски факултет. Желбата моја и на Виолета беше да го заврши факултетот и многу сум среќен што не послуша – изјави тој за медиумите.

фото Инстаграм/Јелена Бодироза

Иако подолго време живее во странство, Јелена често ги посетува татко и и брат, а со маќеата Вики има прекрасен однос. За нив две „животот со маќеа не е лесен“ е само клише, а Вики никогаш не криела дека ќерката на Драган Ташковиќ, и е најголема помош кога станува збор за образованието на синот Андреј.
Вики никогаш не се двоумела да каже дека Јелена за неа е посебна:

фото Инстаграм/Јелена Бодироза

– Јелена е прекрасна личност, полна со самодоверба, успешна и исклучително љубезна и драга – истакна во една прилика.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ
фото инстаграм/Вики Миљковиќ
фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close