Кафе муабет
Разгледница од Рим: Македонската водителка покажа како ужива со сопругот и сподели фотографии од романтичното патување
Уживаше во италијанската престолнина...
Милена Антовска, пред неколку дена ги спакува куферите и замина од Македонија.

Убавата македонска водителка која важи за една од омилените дами која јавноста ја запозна како една од првите водителки на утринската емисија на Канал 5 телевизија каде заедно со водителот Роберт Јанков ја водеа програмата замина во Рим.

Водителката на на својот профил на Фејсбук сподели неколку фотографии и покажа како ужива со сопругот.
Таа вчера се пофали дека била во посета на Ватикан кој е познат како светиот град.

-Познат е како Светиот град и мислам дека речиси секој што бил во Рим го посетил токму Ватикан… Иако сум била пред повеќе од 15-ет години повторно сакав да го посетам седиштето на папата, кој претставува поглавар на Римокатоличката црква. Нема многу да ве заморувам со историски факти, но ќе кажам дека многу ми е криво што не успеав да влезам во замокот Сан Анџело затоа што само во понеделник бил затворен за туристи, а ние баш тој ден отидовме бидејќи не проверивме. Но, здравје ете причина плус пак да одам. Како утеха се сликнав за спомен и на мостот Елиус (сегашното име на мостот е мост Сан Анџело), напиша убавата водителка.


Милена доби низа коментари од своите обожаватели, многумина коментираа дека изгледа одлично, а не изостанаа и коментарите од фановите кои и посакаа убав помин.
