Кафе муабетНега и здравје
Рада Манојловиќ се огласи по МЕГА СКАНДАЛОТ: Тој не е единствениот што ја малтретира- ова е целата вистина
Фановите и прават проблеми...
Пејачката Рада Манојловиќ се најде среде скандал откако еден од нејзините фанови изнесе шокантни детали за пејачката.
Наводно тој поседувал видео снимки направени во хотел, каде наводно бил интимен со Рада а за тоа и платил десет илјади евра. Тој на социјалните мрежи објави аукција и рече дека видеото ќе го добие оној кој ќе даде најмногу пари.
Рада реши да стави крај на озборувањата па преку телефон ја разјасни ситуацијата околу скандалот со опседнат фан, кој стана главна тема во медиумите кога изјави дека имал афера со пејачката и за тоа и платил 10.000 евра.
Манојловиќ веднаш ги демантираше ваквите наводи и откри дека ова момче е само еден во низата кој се обидел да ја малтретира на ваков или сличен начин.
– Ова не е прв случај, ова момче не е прво, што е најлошо во целата приказна. Вакво нешто ми се има случено и претходно, но не и објавување. Пријавив во полиција, знаете ли колку пријави имам во полиција, но тоа не беше соопштено во јавноста. Ова момче е само едно во низа, имав сличен случај кога едно момче ме навредуваше и понижи до максимум, само за да го контактирам. Сигурен сум дека во психијатријата има објаснувања за вакви случаи, но јас не сум експерт и воопшто не сакам да навлегувам во тоа. Не е крив дечкото што е таков, медиумите се тие што ги пренесоа неговите изјави, иако сите ме поддржаа – рече пејачката во емисијата „Премиера“.
-Тоа момче за кое се зборува дојде на мојот настап и се фотографиравме, имаме доказ, еве! Никогаш не се допишувавме. Јас се сметам за пристапна личност, секогаш им се извинувам на моите фанови, одговарам на секоја приказна, порака, колку што можам, но не, така е наместено, што знам, можеби не е тој само еден… Повторувам, тој не е крив… – вели Манојловиќ, а потоа се осврна на нејзината емотивна врска со Харис Берковиќ, со кој неодамна раскина:
– Што се однесува до мојот емотивен статус, објавив на Инстаграм и случајно истата вечер објави и овој дечко и почна со оваа приказна, како всушност раскинав поради него… Мислам дека Марија Шерифовиќ еднаш рече, не сум сигурна, но се сеќавам на реченицата: „Ние сме јавни личности, но не сме јавен тоалет каде секој може да ни врши нужда“, па тоа мора да се прекине. Немам намера да се расправам по медиуми, вакви работи се решаваат на суд, па ако има докази, ајде момче, донеси! Што се однесува до полиција, морав да го пријавам поради заканите, малку се занесе, претера, почна да зборува како ги познава сопствениците на дискотеките и како да не го тужам, бидејќи не ќе можам да работам. Директно ме напаѓа мене, работата, честа, и моралот, и ме клевети… Ако сака некаков контакт, ќе го добие вака, но не со мене, туку со адвокат – рече, Рада Манојловиќ.
Дарио Шогоровиќ ја шокираше јавноста со заканите дека ќе сподели интимно видео со пејачката Рада Манојловиќ, а сега продолжи со обвинувањата дека пејачката посегнала по магии за да го задржи своето поранешно момче Харис Берковиќ…
Пред неколку дена како бомба одекна веста дека Дарио, поранешен учесник на реалното шоу „Парови“ снимал п..но видео со пејачката Рада Манојловиќ, а сега Дарио упати нови обвинувања кон Манојловиќ.
Имено, Шогоровиќ тврди дека Рада посегнала по магии за да го држи под контрола своето поранешно момче Харис и да прави што сака со него.
– Сестрата на Рада со некои баби отишла кај Хоџа, во Босна, се со цел да се премисли, за да може да го контролира. Момчето се заслепи. Родителите на Харис нашле белешки зашиени во неговите панталони, а додека бил во Белград, со неа, нашол белешки во неговите џебови. Таа потоа се преправаше дека е луда, како „Ај, кој ти го прави ова“, а сето тоа му го правеше за да биде нејзин. Посегнала по магии за да го задржи, тоа е суштината… – рече Дарио и објасни како магиите и врската со Манојловиќ лошо влијаеле на Берковиќ:
– Неговите родители воопшто не ја прифатија. Како да ја прифатите. Го уништи своето момче. Почна да пие, да се коцка, таа се фали како му ги враќала коцкарските долгови… Па, исто како што направи Далила со Дејан Драгојевиќ. Неговите родители едвај успеаја да го разбудат – изјави Шогоровиќ.