Кафе муабет

Има само 18 години а веќе го промени личниот опис: Погледнете како изгледаше ќерката на Харис Џиновиќ пред естетските корекции

Џина е успешна инфлуенсерка...

Наследничката на Мелина и Харис, Џина Џиновиќ иако има само 18 години,  е една од најследените и највлијателните млади инфлуенсерки на Инстаграм.

фото инстаграм/Џина Џиновиќ

Таа е вистинска ѕвезда на TikTok, а нејзините видеа имаат милиони прегледи.

Очигледно е дека Џина ја наследила убавината од својата мајка, дизајнерката Мелина и добива бројни комплименти за својот изглед.

фото инстаграм/Џина Џиновиќ

Џина не криеше како изгледала пред само 2 години, а разликата е повеќе од очигледна.

фото инстаграм/Џина Џиновиќ

Имено таа имала голем проблем со килограмите, но и со лицето поради мозолчињата кои ја мачеле во тинејџерските денови.

фото принтскрин

Многумина коментираат, кога ќе ги погледнат нејзините стари фотографии, дека денес многу работи се поинакви кај младата инфлуенсерка.

фото инстаграм/Џина Џиновиќ

Нејзините усни беа потенки, носот различен, а градите изгледаа помали.

фото инстаграм/Џина Џиновиќ

Го покажа новото момче

По бројните шпекулации за емотивниот статус на атрактивната ќерка на Харис и Мелина Џиновиќ, таа реши да стави крај на сите шпекулации и да покаже коe е момчето кое и го зароби срцето, па новото момче на Џина Џиновиќ веќе не е мистерија за јавноста.

фото инстаграм/Џина Џиновиќ

Имено, откако во летото минатата година ја раскина врската со фудбалерот Андреј Ѓуриќ, љубовниот живот на наследничката на Харис продолжува да ја интригира јавноста, а написите за нејзината романса со музичката ѕвезда Војаж секојдневно ги полни медиумите.

фото инстаграм/Џина Џиновиќ

Но оваа врска ја демантираа и двајцата а излегоа и написи дека Харис воопшто не бил воодушевен од новиот избор на неговата ќерка.

Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Сега Џина Џиновиќ реши да проговори за нејзината емотивна врска која предизвика големо медиумско внимание, а нејзиното ново момче е главна тема.

Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Романтични снимки од Џина како позира со своето момче ги преплавија социјалните мрежи, а судејќи по овие објави, би можело да се каже дека таа е многу исполнета и среќна.

Фото: Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Џина на Инстаграм објави серија фотографии на кои двајцата си разменуваат нежности, а иако на сите фотографии го сокрила ликот на момчето кога го означила го открила неговиот идентитет. Тоа е Андреј Благоев, интересно е тоа што е имењак на нејзиното поранешно момче.

фото инстаграм/Џина Џиновиќ
фото инстаграм/Џина Џиновиќ
фото инстаграм/Џина Џиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close