Кафе муабет

Продадовме трактор за да направиме свадба! Шокантна исповед на свекорот на Сузана Јовановиќ: Сопругата на Саша Поповиќ сакала да се фр.ли под воз!

Јавноста шокирана...

Јавноста е запознаена дека фолк пејачката Сузана Јовановиќ беше во брак со Раде Здравковиќ со кој го доби синот Данијел но таа љубов заврши со развод.

фото нстаграм/Сузана Јовановиќ

За синот на Сузана се грижеше Саша Поповиќ кој го одгледа Данијел како свое дете.

фото инстаграм/Сузана Јовановиќ

Иако со децении е во хармоничен брак со Саша Поповиќ, на пејачката повремено и се враќа минатото, па овојпат излезе во јавноста стара исповед на поранешниот свекор на Сузана Јовановиќ, која секако не и ласка.

фото инстаграм/Сузана Јовановиќ

Таткото на Раде Здравковиќ, поранешниот сопруг на Сузана, Жила Здравковиќ, во својата исповед не го криеше непријателството и гневот кон познатата пејачка.

фото Стори.рс

-Син ми и таа се запознале во кафеана, додека настапуваа, но сето тоа беше набрзина. Пред неа Раде имаше прекрасна девојка, многу убава, добра, од убаво семејство. Случајно токму тогаш се скарале и така Сузана влета во неговиот живот. Не поминаа ни петнаесет дена, тие веќе беа во брак. Додека не почна да живее со нас тие 15 дена беше прекрасна, а после тоа… имаше се и сешто.

фото инстаграм/Сузана Јовановиќ

– Беше многу љубоморна. Никогаш не се караа во наше присуство, но лошите односи не можеа да се сокријат. Тие често спиеле во посебни соби. Кога е расположена, зборува со нас, кога не е, се однесува како да не постоиме. Никогаш ништо не му зготвила на Раде, јаделе по кафеани. За да направам свадба, продадов трактор, а подоцна не видов ниту еден динар од таа свадба – рекол поранешниот свекор на Сузана Јовановиќ, додавајќи дека немал никаков контакт ниту со нејзините родители и дека тој мисли дека нејзината мајка имала големо влијание врз тој брак.

фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ

– Тоа го потврди и самата Сузана, по голема расправија кога дојде да го замоли Раде да се смират. Таа се правдаше дека се ќе беше совршено доколку не ја слушаше мајка си. Една вечер сакала да го напушти Раде откако тој отишол на работа, но за среќа Раде се вратил бидејќи заборавил некој инструмент и ја сретнал Сузана среде ноќ на раскрсницата. Наводно, тргнала кон пругата, да се фрли под воз. Едвај ја намоли да влезе во кола, а потоа ја врати кај мајка и- изјави поранешниот свекор на Сузана Јовановиќ и се присети како по разводот од неговиот син нашла врски за да го смени презимето на нивниот син Данијел на Јовановиќ.

фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ

– Па, тоа нема смисла, срамота е, како да не ми е внук. Како да нема крв на Здравковиќ. Потоа ја тужевме за тоа, а кога сфати дека ќе загуби на суд, лукаво неколку пати ни го испрати синот, ни дозволи да се видиме. Бевме пресреќни што нашето дете, мојот внук, повторно си игра во дворот, па го советував Раде да ја повлече жалбата. Меѓутоа, откако тоа се случи, Данијел повеќе не сме го виделе – изјави поранешниот свекор на Сузана Јовановиќ.

фото инстаграм/ Сузана Јовановиќ

Медиумите потоа ја контактирале Сузана за да ја слушнат и другата страна на приказната, а таа ги демантираше наводите дека му забранила на таткото да се гледа со своето дете, наведувајќи дека е обратно.

фото инстаграм/Сузана Јовановиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close