Кафе муабет

,,ЧУВАЈ МИ МЕСТО ДО КЛАВИРОТ’’ – По една година од смртта Игор Џамбазов се присети на татко си

Една година од смртта на маестро Џамбазов...

 

Пред една година, на 85-годишна возраст почина легендарниот диригент и композитор Александар Џамбазов.

Фото/Принтскрин

Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот син Игор Џамбазов кој напиша:

„СИ ЗАМИНА НАШИОТ МАЕСТРО, ТИВКО И НЕЧУЈНО, КАКО ШТО ЖИВЕЕШЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ…ОД ДЕНЕС, КОНЕЧНО СО СВОЈАТА АНЧЕ…ВЕЧЕН НЕКА НИ Е СПОМЕНОТ НА ТЕБЕ, МАЕСТРО МОЈ“.

Фото/Принтскрин

Александар Џамбазов (роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина) е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.

Фото/Принтскрин

Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на над педесетина награди.

Фото/Принтскрин

Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

Фото/Принтскрин

И по една година од неговата смрт Игор се присети на свежите сеќавања на својот татко па на Фејсбук напиша:

Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си ја напишал.

Сигурен сум дека си добар таму горе.

И нека не ти е мака што не си овде долу, со нас.

Да ти кажам искрено стари, ништо не си пропуштил.

Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш.

Фото/Принтскрин

Емотивно и со болка Џамбазов напиша:

Она што вредеше во годинава што летна се љубовта и почитта од луѓето за тебе, изразена во малку солзи и уште повеќе насмевки.

Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот .

Фото/Принтскрин

 

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Фото/Принтскрин

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close