Кафе муабет

Пријовиќ реши да започне нов бизнис – Брена и Боба и дале совет вреден злато!

Имено таа одлучила да купи станови на Златибор што ќе ги изнајмува...

Пејачката Александра Пријовиќ не остава ништо на случајност. Откако вирусот корона им донесе голема загуба на пејачите сега пејачката смислила одличен начин како да заработува.

фото инстаграм/александра пријовиќ
фото инстаграм/александра пријовиќ

Имено таа одлучила да купи станови на Златибор што ќе ги изнајмува.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Александра сфатила како да заработи дополнителни пари, па се фрлила во бизнисот со недвижнини. Пријовиќ веќе најде пет стана во нова зграда кои наскоро ќе бидат капарисани.

фото инстаграм/александра пријовиќ
фото инстаграм/александра пријовиќ

– Додека седеше дома за време на пандемијата, таа многу размислуваше за започнување на нов бизнис. Таа сфати дека можеби не секогаш може да заработува од пеење, па и паѓаа на ум разни идеи. Разговарала со Филип, Брена и Боба и на тој начин дошла на идеја да инвестира во недвижен имот – ја започнува приказната изворот и додава дека пејачката ги слушала советите на Живојиновиќ, кој и рекол дека изнајмувањето стан е многу профитабилен бизнис.

фото инстаграм/александра пријовиќ
фото инстаграм/александра пријовиќ
фото инстаграм/александра пријовиќ

– Брена и Боба водат ресторан во центарот на Златибор и кога ќе дојдат тука, треба да платат за сместување. Тоа беше причина плус Прија и Филип да одлучат да купат пет стана, бидејќи тие ќе остават еден за себе, а другите ќе ги изнајмат. Пријовиќ неодамна настапи во Златибор, па ја искористи можноста да ги разгледа становите што се продаваат таму. Пред концертот таа вечераше со инвеститор кој гради станови недалеку од езерото на Златибор. Неговата зграда е во завршна фаза и треба да биде готова до септември. Тој се договорил со Прија и Филип наскоро да му дадат аванс, а остатокот од парите кога ќе заврши изградбата – тврди изворот.

фото инстаграм/александра пријовиќ
фото инстаграм/александра пријовиќ
фото инстаграм/александра пријовиќ
фото инстаграм/александра пријовиќ
фото инстаграм/александра пријовиќ

Пејачката ги потврди ваквите вести.

фото инстаграм/александра пријовиќ
фото инстаграм/александра пријовиќ

– Планирам да купам недвижен имот. Треба да инвестирате и да размислувате за утре. Сè уште е во преговори, но вистина е дека има неколку апартмани што навистина ми се допаѓаат. Србија е генерално убава, а јас го сакам Златибор и кога и да можам, доаѓам со семејството на одмор, и таму често настапувам – изјави Александра Пријовиќ.

фото инстаграм/александра пријовиќ
фото инстаграм/александра пријовиќ

Инаку неодамна Пријовиќ искешира 70.000 евра за нејзините два нови сингла.

фото инстаграм/александра пријовиќ

– Прија заработи неколку илјадници евра од авторските права од прегледите на ЈуТјуб, па затоа не и е проблем да инвестира толку многу во нови песни. Договорот е песните да бидат објавени на лето, бидејќи таа верува дека дотогаш ќе се смири ситуацијата со короната. Таа сака да направи нешто ново, што не е видено порано –изјави тогаш извор близок на пејачката.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close