Кафе муабет
Принцезата која го освои светот: Малата Естела копија на мајка си! Принцезата Викторија ја спрема ќерка си за престолот!
Принцезата Естела ги освои симпатиите на новинарите
Иако има само осум години, принцезата Естела ги освои симпатиите на новинарите.
Таа стана хит во медиумите откако заедно со својата мајка и дедо, кралот Карлос Густаво, се појави на свечено отворање на Златниот мост во Слузбрун кој ги поврзува двете области на Стокхолм.
Девојчето во јавност се однесува префинето, баш онака како што и прилега на една млада дама, но она што остави најголем впечаток е нејзиниот изглед.
Таа беше облечена во капут во крем боја, исто како и нејзината мајка, престолонаследничката Викторија а коментарите беа дека тие неверојатно наликуваат една на друга.
Малата Естела носеше мала чантичка, додаток со кој сè уште немаме видено ниту една од новите принцези.
Иако е само 8 годишно девојче, се чини дека нејзината мајка и дедо, кралот Карлос Густаво, веќе ја спремаат за наследник.
Тие постојано ја повикуваат на традиционалните и институционалните акти, па затоа уште од мали нозе ги знае обврските што ќе треба да ги презема во иднина.
И вистината е дека принцезата како да ужива во секое нејзино појавување во јавноста а најдобриот пример за тоа го зема од својата мајка.
Естела е првото дете кое ќе застане на шведскиот престол за која многумина коментираат дека ќе влезе во историјата откако ќе седне на тронот пред својот брат Оскар.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од преслатката принцеза Естела.