Дом и семејство
Прва фотографија од малиот Вукан: Мирко Шијан ги стопи срцата на обожавателите- ова е најубавото нешто што сте го виделе
Фотографијата стопи многу срца...
Сопругата на Мирко Шијан, Бојана Родиќ- Шијан во понеделникот се породи и го роди вториот син на кого му го дадоа името Вукан.
Веднаш по породувањето следуваше голема прослава во домот на Гоца Божиновска која не крие колку е среќна и моментално е најгордата баба.
Во средата Бојана и синот заминаа од родилиштето „Народни фронт“ и се упатија во семејниот дом во Сурчин.
По напуштањето на породилиштето Бојана ја пречекаа новинарите и таа ги сподели првите впечатоци а откри на кого личи малиот Вукан.
– Добро сум благодарам. Вукан личи на мајка му – изјави Бојана.
Малиот Вукан беше најубавиот подарок за баба Гоца Божиновска која на роденденот го доби вториот внук па веднаш се пофали.
– Јас сум одлично, никогаш подобро и никогаш поубаво. На роденден добив внук, го добив најубавиот подарок што можеше да ми се случи – рече Гоца, а потоа откри како нејзината снаа Бојана се справила со породувањето:
– Снаата е супер. Мојот змеј! Се е во ред, таа се породи природно. Бебето е супер, супер е таа, се е десетка изјави Гоца.
Сега гордиот татко Мирко Шијан на својот Инстаграм профил сподели фотографии од двата сина, а фановите беа воодушевени од глетката што ја видоа.
Сите долго време чекаа да видат новороденото бебе кое пред два дена пристигна во неговиот дом, а среќните родители решиле тој момент да го споделат со своите верни следбеници.
Сите веднаш побрзаа да дадат комплименти и да им честитаат на младите родители за нивната принова. Сепак, она што ги остави без зборови е фотографијата од двете дечиња.
На споменатата фотографија, постариот брат стои до помалиот и се држи за рачката од креветчето. Таа глетка им ги стопи срцата на многумина.
Инаку парот реши на второто дете да му го даде името Вукан кое е машко име од старословенско потекло. Во време кога се верувало дека имињата имаат магично дејство, на момчињата им го давале името Вук или Вукан за родителите да ги исплашат „злите духови“ со името на потомството и на тој начин да го спасат од болест и см.рт.