Дом и семејство
Прва фотографија од бебето: Водителката на „Пинкови ѕвездички” ги разнежни фановите!
Ужива во улогата на мајка...
Пред точно шеснаесет дена водителката и актерка Маријана Миќиќ (38) стана мајка.
Маријана и нејзиниот избранк Милош Марјановиќ решја на нвната наследнчка да и го дадат името Ана.
Оттогаш, секој чекор на Миќиќ и Милош Марјановиќ се следи со надеж дека јавноста ќе го добие првиот увид во нивната семејна идила, а тоа и се случи синоќа.
Имено, Миќиќ ја објави првата фотографија од нејзиното бебе како лежи на градите на нејзиниот татко и на тој начин разнежни голем број обожаватели.
Иако во иднина сигурно ќе се труди максимално да ја зачува семејната приватност, таа едноставно не можеше да одолее, па сепак сподели сладок момент од таткото и ќерката.
Додека Ана безгрижно спиеше на градите на татко и, им се придружи и кучето на Маријана, па идилата беше комплетна, а иако овде не се гледа, насмевката на Маријана се чувствува дури и зад мобилниот телефон со кој го овековечи овој момент.
Деновиве Маријана максимално и се посветува на улогата на мајка и се грижи се да биде во служба на растењето на Ана, а неодамна ја украси и нејзината соба полна со мотиви од мечиња и срциња.
Интересно е тоа што веста за породувањето, Маријана Миќиќ на своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“ им ја соопшти така што го смени името во МаријАна Миќиќ, а потоа во описот додаде:
Имам Миша и МишАна.
Маријана ја потврди радосната вест ексклузивно за српскиот портал Стори, и посочи дека Ана Марјановиќ пристигна на свет.
За потсетување, актерката наиде на негативни критики откако зборуваше и за вакцинацијата против корона вирусот и особено апелираше до трудниците да разговараат со својот лекар. Таа сакаше да им даде поддршка и да ги охрабри сите идни мајки.
„Сите имаме исти стравови, исти размислувања на илјада нивоа и илјада теми, особено сега кога сме преосетливи и ранливи. Јас не сум доктор и не можам да дадам совети поврзани со оваа тема, но во морето на ова лудило можам да бидам капка од твојата поддршка, бидејќи „Знам колку бранови од истото ме носеа каде и да се свртев, прашував, погледнував, да донесам одлука. На крајот, мојата одлука беше да го слушам мојот лекар и се вакцинирав во бременоста“, рече таа.