Кафе муабет

Драгана Мирковиќ се пофали како го украсила дворецот- сите зборуваат за елката, вакво нешто нема никој на естрадата!

Пејачката позираше пред новогодишната Елка и испрати порака до фановите...

Една од најголемите ѕвезди во Србија и пошироко, популарната кралица на фолкот како што фановите ја нарекуваат Драгана Мирковиќ, работеше напорно во текот на целата година, а сега одлучи да ги помине празниците во мир со семејството.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Пејачката на верниците од Католичката вероисповед им го честиташе Божиќ и покажа како изгледа нејзиниот дом за време на празниците.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ
Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Драгана објави фотографии на кои позира пред каминот кој е украсен со црвени украси.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Таа ја покажа елката која е во истите тонови а фановите се воодушевени од тоа како фолкерката го украсила домот. Вистинска новогодишна бајка.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Во домот доминираат деталите во златна боја, а многумина коментираа дека Драгана од сите ѕвезди на естрадата дефинитивно го има најубавиот дом.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Инаку Драгана Мирковиќ важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот. Таа неодамна реши да прозбори јавно за својот брак со бизнисменот Тони Бијелиќ.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Во брак сме 21 година, но секако имаме некои мали несогласувања. Тој е слчен на мене, но понекогаш му доаѓа преку глава од мојата флегматичност, бидејќи јас секогаш велам: „Остави, немој…“, а тој не може да поверува дека секогаш сум таква, па ми вели: „Уште колку ќе трпиш“. Понекогаш молчам, се кријам и плачам, наместо да кажам нешто. Порано многу плачев, сега многу помалку, но секогаш ме погодува лага во медиумите. Му реков на Тони: „Ако се сменам и повеќе не ме допира, нема да бидам јас“. Драгана не може да постои без емоции, секогаш мислев дека не е добро се да чувам за себе, но морам да признаам дека сум многу посилна од претходно – признава Мирковиќ.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Сакав да се откажам, се разбира, тоа не е ништо ново. Првата пауза што ја имав кога се омажив, беше кога дојде Марко, па Мануела, поради нив направив пауза, барем по цена да ме заборават, но беше посилно од мене. Но, моите обожаватели не ме заборавија, ме повикаа да снимам нови песни, а сфатив и дека ми недостига музиката – признава Драгана.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Паузирав и во деведесетите, тоа беше исто така многу тежок период во мојот живот. Мислев дека нема да можам да го издржам сето тоа, нема ни да се сеќавам на сето тоа, но поминав како најпопуларна во тоа време, што ми е чудно денес – заклучува Драгана Мирковиќ во емисијата „Премиера – Викенд специјал. “

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Тоа е најубавиот и најголемиот показател за каква личност се работи. Тука нема измама, иако и да сакав да сокријам нешто или да изневерам, нема да можам. Јавноста знае многу за мене, но и во моето село се знае се за мене. Дали е тоа најубавото место на светот, не знам, но за мене е. Касидол секогаш ми е на прво место, а на второ сега е Виена, местото каде што живеам со семејството – рече Драгана.
Пејачката се прсет на своето детство во родното село и напомена дека нејзините деца често пати одат во нејзиниот роден крај.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Беше друго време, тоа беа играчки наместо компјутери и телефони. Возевме велосипеди, родителите ни дозволуваа да играме надвор цел ден. Таа врска со природата од самото раѓање беше нешто совршено, многу ми е тажно што поновите генерации ја немаат, сигурна сум дека би била поубава од денес – искрена е Драгана.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Моите баба и дедо живеат во Касидол, дефинитивно моите деца ги посетуваат, исто како и јас. Не сме биле последнава година ипол, поради цела оваа ситуација со короната па оправдано е, но вака кога и да имаме можност одиме и се дружиме. Обожаваат да го посетуваат мојот роден град – вели таа.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close