Кафе муабет

Прва изјава на Петар Грашо за раѓањето на ќерката: Среќни, спремни, чекаме…

Наскоро ќе стане татко...

На роденденската прослава на Нина Бадриќ се појави еден од најпопуларните хрватски пејачи Петар Грашо и по тој повод проговори за новата животна улога која го очекува во блиска иднина.

фото инстаграм/Хана Хулиќ

– Мислам дека човек станува свесен за се дури кога ќе го земе тоа мало суштеството во свои раце. Но, еве, накратко ќе кажам – среќни, подготвени, чекаме, објасни видно возбудениот Грашо, кој го очекува своето прво дете со Хана Хулиќ.

фото инстаграм/Тончи Хулиќ

Како што е веќе познато, брачната двојка Хуљиќ – Грашо избра име за својата наследничка а тоа е Алба.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Таа треба да дојде на свет на 23 јули, но тој ден, според медиумите, Петар нема да биде во болница. Многумина беа изненадени што пејачот тој ден нема да биде со Хана. Сепак, Хана не ја коментираше негативно оваа ситуација.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Секој слободен момент го поминува со нас, изјави Хана за Стори.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Да потсетиме, неодамна помина една година откако Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо ставија крај на својата 24-годишна љубовна приказна и беа главна тема во сите медиуми.

Фото инстаграм/Петар Грашо

Данијела Мартиновиќ и Петар Грашо беа навидум среќен пар, па веста за нивното раскинување ги шокираше сите.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Популарниот пејач набрзо се ожени за младата Хана Хуљиќ со која чека бебе, а Данијела вешто ги избегнуваше сите новинарски прашања и се трудеше да изгледа како новиот живот на бившиот воопшто да не влијае на неа.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Во една прилика дури излезе и веста дека всушност таа го оставила Грашо, но ниту тој ниту таа не се огласија по ваквите шпекулации.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Пејачката го привлече вниманието со својата објава на Инстаграм, каде го најави своето големо враќање на традиционалниот сплитски фестивал каде носеше посебен фустан. Станува збор за бела креација на која беа насликани различни делови на градот, родниот Сплит на Данијела.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

– Кога пред два-три месеци и кажав на сестра ми Изабела дека имам песна и дека годинава ќе одам на Сплитскиот фестивал, таа беше пресреќна. Дојде дома и ѝ кажа на мама, а потоа мајка ѝ ја погледна загрижено и рече: „Навистина? Што мислиш, дали ќе ја примат на фестивалот?“ Се смеев половина час, а потоа му реков на Томислав Мрдуљаш:

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

„Томо, прва работа, ќе одам да и кажам на мајка ми дека ме прими на фестивалот“ – изјави неодамна Данијела.

фото инстаграм/ Данијела Мартиновиќ

Она што најмногу ја интересира јавноста е автобиографската книга на Даниела, која треба да излезе наесен.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Додека Данијела ужива во слободата, Хана со нетрпение чека да се оствари во улога на мајка.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Сега кога се знае дека и името на ќерката Грашо и Хана јавноста на големо пишува дека станува збор за името за кое Данијела сонувала долги години.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Имено гостувајќи во емисијата “Ин Магазин“ 2014 година признала дека најголема желба со Петар е да се остварат како родители…

фото инстаграм/Даниела Мартиновиќ

– Навистина моментално тоа е најголема желба во мојот живот. Вистински се радувам дека многу брзо ќе се радуваме.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Синот ќе се вика Тони, тоа се знае, по покојниот татко на Петар, а за девојчето имам две имиња, или Луче, затоа што тоа ми е оригинално далматинско име, и наше и на мојата покојна баба која се викаше Луче, но кога го слушнав името Алба, јас едноставно останав возбудена затоа што Алба на италијански значи зора, тоа повеќе ми значеше, убаво и необично, повторно многу блиску и поразлично – зборувала Данијела пред осум години.

фото инстаграм/ Данијела Мартиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close